Најмногу дожд во Прилеп и Берово – утринските температури од 6 до 12 степени

April 15, 2025
1 min read

Најниска температура од 6 степени утрово е измерена на Попова Шапка, а највисока од 12 во Демир Капија и Гевгелија.

8 степени во Берово, Крушево, Маврови Анови, 9 во Крива Паланка, 10 во Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, Виница, Струмица, Кавадарци, 11 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Штип.

Најмногу дожд имало во Прилеп и Берово каде се измерени 5 l/m2.

3 l/m2 Крива Паланка, Куманово, Охрид, Крушево, 2 во Претор, Штип, Виница, Велес, Кавадарци, Маврови Анови, Тополчани, Пожар-Радовиш, 1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Демир Капија, Струмица, Тетово, Пожаране, Попова Шапка.

Претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.Дневната температура ќе достигне до 17 степени.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од петок до 10 часот наутро – сите цени во маркетите и аптеките мора да бидат ажурирани

Следно

САД замрзнаа речиси 2,3 милијарди долари финансирање за Универзитетот Харвард

Latest from Blog

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои

Ливерпул повторно без Гакпо, Баркола доби „зелено светло“ за настап

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/ Коди Гакпо е под знак прашалник за настап на денешниот натпревар на Ливерпул против Фулам во Премиер лигата. Холанѓанецот го пропушти дуелот со Атлетико Мадрид поради проблем со препоните, а тренерот
Go toTop