Почнува економско стимулирање на вработувањата на жените роми

April 14, 2025
1 min read

Подобра едукација, економско зајакнување на жените Ромки, и борба против дискриминација се дел од компонентите кои се во фокус на проектот „Надвор од бариерите, резилиентност на Ромите во Западен Балкан”.

Проектната координаторка, Ѓултен Мустафова на денешниот настан рече дека со овој проект ќе се зголеми соработката меѓу сите земји но и ќе се зголемат шансите за вработување на жените Ромки.

„Втората комп е за економско зајанување на ром во западен балкан и во Македонија што значи дека ќе имаме поголема сорбатока со сите пет земји во насока на унапредување на Ромите и нивното зголемено вработување.“ – Ѓултен Мустафова проектна координаторка.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, пак, рече дека ваквите проекти се важни бидејќи ќе придонесат во решавањето на проблемите со кои се соочува ромската заедница.

„Мојата порака би била што поголема едукација, што поголемо образование на ромската популација, за тоа ќе се залага Владата и поголема конкурентност на пазарот на трудот посебно на ромската жена.“ – Марјан Ристески заменик министер за економија и труд.

Ѓоко Велковски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади објасни и дека интеграцијата на жените ромки е важен чекор за нашето општество.

„Години наназад гледаме да значењето на жената во нашето општество да го зајакнеме што повеќе, учиме во чекорите кои ги преземаме и од сите европски трендови и светски за да можеме да ги имплементираме и тука во Македонија, секако од големо значење е интеграцијата на жените ромки во нашето општество.“ – Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Тригодишниот проект на кој ќе работат околу триесетина организации, освен во Македонија се спроведува и во Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перез има генијално решение доколку Винисиус замине во Саудиска Арабија

Следно

Палевски: Јас сум жртва на „морален атентат“

Latest from Blog

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на

Проданоски: Заедно со граѓаните ги утврдуваме приоритетите за Буџетот за 2027 година

Општина Прилеп започнува средби со граѓаните во рамките на консултациите за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски ги повика жителите активно да се вклучат со предлози и идеи
Go toTop