„Со или без Вреди, нема трета опција“ – АА на Таравари ќе одлучува утре

April 14, 2025
1 min read

АА раководена од Арбен Таравари утре на централното претседателство ќе одлучува дали ќе остане со ВРЕДИ или сама ќе оди на локалните избори. Претседателот Арбен Таравари  рече дека ќе ги послуша членовите на раководството и претседателите на ограноците за да донесе конечна одлука. Тој верува дека во некои општини АА може да оствари добри резултати, како во Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце, Сарај, Липково и Дебар.

„Имаме две опции: едната е заедно со ВРЕДИ да излеземе на локалните избори или втората е АА сама да оди на изборите. Мислиме дека и сами да излеземе во некои општини со помош на неколку партии од коалициониот партнер можеме да направиме добар резултат и да одиме во втор круг и да победиме“, вели Арбен Таравари.

Таравари кога ги спомна коалиционите партнери надвор од ВРЕДИ се однесуваше на ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Турците, но ја исклучува можноста за соработка со ДУИ на Али Ахмети.

На прашањето за изјавата на Биљал Касами кога  рече дека тој што се одвојува од групата го јаде волкот, Таравари со одговор:

„Не би сакал да го коментирам Биљал Касами, тоа е негов став. Мислам дека брза кога дава изјави, но тоа е негова работа. Утре имаме состанок на Централното претседателство на Алијансата за Албанците и ќе одлучиме како понатаму“, порача Арбен Таравари.

Во неделата вечерта лидерите на коалицијата ВРЕДИ се сретнаа по четврти пат во една недела во потрага по решение како да учествуваат на локалните избори.

Дебатата во ВРЕДИза ова прашање започна откако почнаа калкулациите за локалните избори. . Сите претседатели сакаа да излезат со кандидати за градоначалник и заеднички листи за советници, освен Таравари кој сака да излезе со посебни листи за општински советници.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Капиталните инвестиции во застој, реализација од само 9% за три месеци

Следно

Перез има генијално решение доколку Винисиус замине во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop