Израелските воени лекари потпишаа петиција за ослободување на заложниците од Газа

April 14, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Двесте израелски воени лекари потпишаа петиција со која бараат итно враќање на заложниците од Газа, дури и ако тоа значи завршување на војната во палестинската енклава, објави израелскиот „Канал 13“, јавува Анадолу.

„Ние, резервните лекари во различни единици на израелската Армија, бараме итно враќање на заробените и прекин на борбите во Појасот Газа“, се наведува во петицијата.

Петицијата го отсликува растечкото незадоволство меѓу израелските воени редови, при што лекарите потенцираат дека војната одамна ги надминала своите првични цели.

„По повеќе од 550 дена борби, кои веќе го чинеа Израел скапо, со болка чувствуваме дека продолжувањето на војната во Газа главно служи за политички и лични интереси, без реална безбедносна цел“, велат лекарите во петицијата.

Досега околу 40 заложници се убиени за време на копнените операции. „Како медицински офицери, ние служиме во резервниот состав од обврска кон светоста на животот. Предупредуваме дека продолжувањето на борбите и напуштањето на заробените е спротивно на овие вредности“, се додава во петицијата.

Оваа петиција е дел од поширокиот бран јавни апели од активни и поранешни припадници на израелската Армија, кои бараат враќањето на заложниците да стане приоритет, дури и по цена на завршување на војната.

Од четвртокот наваму, според бројките на Анадолу, најмалку шест вакви петиции циркулираат во јавноста. Првата ја потпишале 1.000 резервисти од израелското воздухопловство, а подоцна ја поддржале и околу 1.000 академици.

Слични апели упатиле и припадниците на оклопните единици, морнарицата и елитните воени единици како што се Единицата 8200, Баталјонот 13 од Падобранската бригада, Шалдаг, Сајерет Маткал и Моран.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше со закана дека ќе ги отпушти војниците на должност кои ќе потпишат вакви петиции.

Израелската Армија ги обнови нападите врз Газа на 18 март, со што го прекрши прекинот на огнот и договорот за размена на заробеници постигнат на 19 јануари.

Од октомври 2023 година досега, во израелската офанзива врз Газа се убиени речиси 51.000 Палестинци, од кои најголем дел се жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Покрај тоа, Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната против палестинската енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За викендот 2324 сообраќајни прекршоци, дури 1132 санкции за брзо возење

Следно

Игор Стефановски Иџе со победа ја започна новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки

Latest from Blog

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон

(Видео) ЦЕЛ БАНКОК Е ЗОНА НА КАТАСТРОФА – Властите потполно немоќни

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодуваат Тајланд од средината на септември се искачи на 23 лица, соопшти тајландската влада, додека ситуацијата на терен останува драматична. Според најновите податоци, во

Колумна на Виктор Грозданов за Plusinfo.mk: Насилнички екоактивизам

Што е разликата помеѓу мене, моите колеги од металургијата, рударството и геологијата, нормалните новинари, од една страна, и насилничкиот, како што јас го нарекувам „екоактивизам на батерии“, од друга страна? Разликата е

Боштјан Цесар и Гоце Седлоски беа соиграчи, а требаше и да го наследи во Вардар, но стана селектор на Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија во Љубљана го игра вториот натпревар од Лигата на нации. Јавноста се надева на многу подобро издание од првиот меч против Швајцарија, а тоа секако
Go toTop