Синот на Анчелоти даде објаснување за ужасниот старт на Мбапе

April 13, 2025
1 min read

Давид Анчелоти го менуваше својот татко Карло како главен предводник на тимот на клупата, од едноставна причина што искусниот стручњак одработуваше суспензија поради акумулирани жолти картони.

Дон Карло не можеше да биде крај аут линијата на гостувањето во Виторија кај Алавес, натпревар кој испадна далеку потежок од тоа што било кој очекуваше.

Реал поведе со одличниот гол на Камавинга, но набрзо после тоа остана со играч помалку на теренот, сето тоа како резултат на ужасниот старт на Килијан Мбапе.

Французинот стартуваше преоостро и малку фалеше да му ја скрши ногата на противникот, па по проверката на ВАР, оправдано му беше покажан директен црвен картон.

Мбапе со овој агресивен потег ризикува да добие и подолга казна од шпанските дисциплинци, а иако нема оправдување за истиот, Давиде Анчеллоти тврди дека тоа било резултат на неколку остри прекршоци кои биле направени над него во почетната фаза на мечот.

– Не зборував со Килијан после натпреварот. Тој не е агресивно момче, тој побара извинување уште на полувреме и свесен е што направи. Станува збор за старт кој е за чист црвен картон и плати со исклучување. Низата ситни прекршоци кои му ги правеа на почетокот го натераа да реагира на таков начин. Не го оправдувам, тоа не беше коректно, но тоа се случи како последица на ударите кои ги добиваше, – порача Давиде Анчелоти.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

27 години талка по судовите – тврди дека државата му го узурпирала земјиштето

Следно

Муцунски ја уверил Кос дека Северна Македонија има сигурна ориентација кон полноправно членство во ЕУ

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop