ЦУК: Седум пожари на отворено во последното деноноќие, се уште не е пронајдено исчезнатото повозрасно лице од село Степанци

April 13, 2025
2 mins read

Седум пожари на отворено имало во последното деноноќие, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во изминатите 24 часа, како што велат имало вкупно 1.938 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК од коишто „реални“ биле 58,2, а 41,8 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,95 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 23,59, кон пожарникарите 5,64, а кон АМСМ 0,51 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Имало 819 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Како што посочуваат, исчезнато повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, а во некои подалечни реони околу другите соседни села имаше и други коишто пребаруваа во поединечни групи.

-Лицето последен пат било видено пред една недела, во саботата на 05.04.2025 година. Беше пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16.20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Во последните неколку денови на потрагата се приклучија и доброволци и членови од повеќе здруженија. Инаку, во почетокот беа известени МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а потоа секако и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК, прецизираат од ЦУК.

Во текот на вчерашниот ден на зборното место кај продавницата во село Лакавица, додаваат, големиот број доброволци и лица од институциите, службите и здруженијата се поделија во групи и по правци на пребарување беше поголем реон. Истовремено, со неколку дронови (3-4, и службени и приватни) систематски беа пребарувани местата каде што беа тешко достапни, подлабоки долови, а и течението и вировите на надојдената рекичка Лакавица. Беа вклучени од страна на МВР 10 полицајци, потоа 10-на извидници – членови на Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, роднини на исчезнатото лице. Одредени групи од подалечните села самостојно вршеа претрага во нивните реони. И ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршеа пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од видеокамерите на терен.

-Роднините на исчезнатиот, иако повозрасното лице не е пронајдено, изразија благодарност до сите коишто несебично се вклучија или индиректно помогнаа во потрагата, велат од ЦУК.

Истакнуваат дека во последното деноноќие имало седум пожари на отворено, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), на Град Скопје, дека од 17.25 до 18.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во село Марино (Општина Илинден), од 21.00 до 00.05 часот со 4 пожарникари и 2 ПП возила гаснале запалено сено и гранки на ул. Малешевска б.б. изгорена површина од 100 м2 (Општина Кисела Вода), и од 01.40 до 02.30 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалено ѓубре во с. Брњарци (Општина Гази Баба).

РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани дека од 15.00 до 15.45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалено ѓубре во дворот на СОУ „Гошо Викентиев“ (Општина Кочани).

ТППЕ Штип, известува дека од 16.00 до 18.00 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалена сува трева, нискостеблеста шума и грмушки (смрека) кај м.в „Баргала“ (Општина Карбинци).

РЦУК Охрид информацијата дека од ТППЕ Охрид од 18.30 до 21.40 часот, со 15 пожарникари и 3 ПП возила, гаснeле запалена трска на охридското крајбрежје (од Специјалната болница „Св. Еразмо“ до кампот „Андон Дуков“, со ширење кон атарот на с. Подмолје во Општина Охрид).

РЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 19.50 до 20.30 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во место викано „Стари Лозја“ (Општина Куманово)

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Министерот Муцунски во интервју за АА го истакна придонесот на турските инвеститори во земјата

Следно

Царина: заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан 

Latest from Blog

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава
Go toTop