Стотици килограми кокаин пронајдени на плажа во Франција

February 27, 2023
1 min read

На францускиот брег и претходно бил пронајден кокаин. На крајот на 2019 година на плажата од Сен Жан де Луз на југозапад до Камарето на северозапад беа пронајдени пакети со вкупно 1 600 килограми кокаин

Неколку стотини килограми кокаин пронашле властите вчера на плажа во северна Франција, соопшти судски извор.

„Првите тестови извршени на околу триесет запленети пакувања беа позитивни на кокаин“,

изјави за новинарите Пјер-Ив Маро, државен обвинител во Шарбур, град во близина на плажата каде што беше пронајдена дрогата.

По мерењето било утврдено дека во пакувањата имало „меѓу 700 и 800 килограми“ дрога, додаде тој.

На францускиот брег и претходно бил пронајден кокаин. На крајот на 2019 година на плажата од Сен Жан де Луз на југозапад до Камарето на северозапад беа пронајдени пакети со вкупно 1 600 килограми кокаин.

Неодамна, на крајот на мај 2022 година, на плажата во Берк, на северот на Франција, беа пронајдени колачи со кокаин со вкупна тежина од 21 килограм.

Фото: Илустрација

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: На тема „регионална депонија во Свети Николе“ градоначалникот бега како ѓавол од темјан

Следно

ПСЖ до крајот на сезоната без повредениот Кимпембе

Latest from Blog

Видео: Ирак погоден од прекин на електричната енергија

„Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“, соопшти министерството, според ирачките медиуми. Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е започната реставрацијата на електраните и

Aвион со евакуирани патници од Дубаи попладнево слета во Црна Гора: И Македонци меѓу патниците

Авион со 138 патници од Дубаи слета попладнево на аеродромот Тиват, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора. „Покрај Црногорците, во летот имало и граѓани на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска,
Go toTop