Седум ката – нула безбедност: Вистинската слика за една зграда во Ѓорче Петров

April 12, 2025
2 mins read

Во Скопје постојат стотици станбени згради изградени во последните две децении, кои зад модерната фасада кријат сериозни безбедносни пропусти. Без соодветна противпожарна опрема, неисправни хидранти, затрупани евакуациски патишта и нефункционални системи – станарите сè почесто се чувствуваат оставени сами на себе. Она што дополнително загрижува е што многу од овие објекти, иако имаат употребна дозвола, никогаш не биле навистина проверени. Исклучок не се ниту постарите згради иако постои генерално мислење дека тие се градени според поголеми безбедносни стандарди. СЕпак и проблемот со овие згради е што се оставени сами на себе без соодветни проверки, така што и нивните станари се соочуваат со проблеми.

Таков е и случајот со една седмокатница во населбата Ѓорче Петров, изградена во 2013 година. Редакцијата на Рацин.мк ја посети зградата по добиени информации од станарите, кои со години се обидуваат да алармираат на недостатоците – без успех.

Нема светло, нема контрола

Во влезот нема прозори, а во случај на пожар, жителите немаат јасен план за евакуација – бидејќи таков не постои.

„Јас колку што сум информиран никогаш немало никаква контрола на хидрантите, а под знак прашалник е и кој дозволил технички прием на овој објект со толку недостатоци со кои се соочуваме секој ден, вели Зоран Митковски станар во оваа згрда.

На обележаните места каде треба да има хидранти – празни со само рамка на ѕидот. Единствено нешто што може да се забележи на влезната врата е табличка со податоци од станбениот управител, но без никаков визуелен план за евакуација.

Фирмата пропадна, проблемите останаа

Зградата е изградена од компанијата АД Илинден, која токму во моментите на првото вселување влегла во финансиски загуби и отворила стечајна постапка. Тоа значи дека многу од гаранциите за квалитет на градба останале само на хартија – без правен субјект што ќе ги спроведе.

„Покривот на еден од блоковите протекуваше – сами плативме за поправка и поставување на нов. Гаражната врата ја немаше ни на крајот од градбата па мораше сами да ја купиме. Се сносиме самите, блок по блок, за сè што недостасува,“ додава Митковски.

Во трите блока на зградата функционира само по еден лифт – што, во седумкатница со над 53 станари по влез, е недоволно, особено кога се земе предвид дека живеат голем број млади луѓе со мали деца, но и поради стареењето на населението има потребата од поголема пристапност.

Поплавени темели, небезбедни гаражи

Можеби најголемиот проблем е влагата – не само одозгора, туку и одоздола. Секој посилен дожд предизвикува поплавување на подрумските простории и заедничките гаражи.

„Темелите се под вода. Влегува низ лошо поставени цевки и нефункционален надворешен паркинг. Проблемот го знаеме сите, но санацијата би чинела илјадници евра. Како оваа зграда добила технички прием – никому не му е јасно,“ прашува Митковски.

Влагата предизвикува долгорочни штети – на ѕидовите, инсталациите, а можеби и на самата конструкција. Станарите веќе не веруваат дека институциите ќе реагираат.

По трагедијата – (не)следуваше контрола

По пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 лица, ЗЕЛС испрати налог до општините да спроведат вонредни инспекции на безбедноста во станбените згради. Но, од 80 општини, контроли беа направени само во пет: Аеродром, Кисела Вода, Центар, Карпош и Чаир.

Недостигот на инспекциски кадар беше истакнат како клучен проблем.

„Недостигаат најмалку 40 инспектори. Планираме меѓуопштинска соработка и засилување на тимовите,“ изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода.

Но, како што поминуваат деновите, темата тивко исчезнува од јавниот дискурс. Во Ѓорче Петров – ниту еден допис, ниту најава за инспекција.

Прашањето за безбедноста во станбените згради не е само техничко. Тоа е системско прашање: на контрола, на регулација, на јавен интерес. А моментално, целиот товар паѓа врз грбот на граѓаните.

„Потребно е итно подобрување на безбедносната состојба во згради. Управителите, локалната власт и државата мора да си ја завршат работата. Вака како што стојат работите, човек да се уплаши во какви објекти живее или влегува,“ заклучува Митковски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нуклеарни разговори Иран-САД: Можно повторување на „либискиот модел“

Следно

Силен ветер ќе дува денеска во Македонија

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop