Развојна банка исплати 74 милиони евра кон комерцијалните банки за инвестиции и развој на македонските компани

April 11, 2025
1 min read

 Развојна банка ја исплати втората транша во износ од 74 милиони евра кон комерцијалните банки, за проекти на 248 компании од кредитната линија за инвестиции и развој.

Како што информираат од Развојна банка, од износот на траншата, најголем дел, односно 62 отсто, се наменети за мали претпријатија за реализација на 153 одобрени проекти. 

– По однос на структурата на дејности, 96 проекти се од областа на производството, 27 проекти за градежништво, 61 проект за трговија, 38 проекти за поддршка на транспортот, 9 за хотели и угостителство, 12 за услуги и 5 проекти за останати дејности на компаниите. Македонските компании од оваа транша ќе инвестираат во опрема 28 милиони евра, за градежни инвестиции се 36 милиони евра, за обновливи извори на енергија 7 милиони евра и транспортни средства во износ од 3 милиони евра, стои во соопштението.

Развојната банка, додаваат оттаму, останува интензивно да работи како и до сега за реализација на останатите транши од кредитната линија наменета за инвестиции и развој на домашните компании. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Глувците не се од нехигиена, а децата се виновни за искршените тоалети, тврдат од општина Бутел

Следно

Уште еден обид да останат заедно – вечерва средба на лидерите на Вреди

Latest from Blog

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на
Go toTop