Глувците не се од нехигиена, а децата се виновни за искршените тоалети, тврдат од општина Бутел

April 11, 2025
1 min read

Глувците во училиштето „Панајот Гиновски„, во Бутел, не се од нехигиена, туку од изградба на градинка во близина, велат од Кабинетот на градоначалникот на општината.

Оттаму тврдат дека искршените врати, ѕидови, умивалници и казанчиња во тоалетите констатирани во санитарната инспекција, се резултат на недолично однесување на основците.

Од Санитарниот инспекторат потврдуваат дека веќе е направена дератизација на училиштето, откако во нивниот извештај констатираа незадоволителна санитарно-хигиенска и техчничка состојба каде освен пајажини по таваните и валкани подови, ги забележаа и оштетените тоалети.

– Издадено е решение за наредба за отстранување на недостатоците, со краток рок во делот темелно механичко чистење и дезинфекција како и континуирано одржување на хигиената како постојана обврска. Пред почетокот на школската година и во тек на месец септември се вршат контролни инспекциски надзори со цел утврдување дали е постапено по наложените мерки. Доколку не се постапи, следи прекршочна постапка за правното и одговорното лице. – д-р Кирил Лазов државен санитарен и здравствен инспекторат.

Министерката за образование Весна Јаневска, пак, препорачува во училиштето да се спроведе еколошка акција.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалер на Нотингем со урбенесна реакција: Салах потпиша? Заврши првенството…(ВИДЕО)

Следно

Развојна банка исплати 74 милиони евра кон комерцијалните банки за инвестиции и развој на македонските компани

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop