Турскиот министер Фидан: „Го отфрламе секој план што ги принудува Палестинците да ја напуштат својата татковина“

April 11, 2025
2 mins read

АНТАЛИЈА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, изјави дека треба што поскоро да се воспостави траен прекин на огнот во Газа, велејќи: „Го отфрламе секој план што ги принудува Палестинците да ја напуштат својата татковина“, јавува Анадолу.

Министерот Фидан говореше на заедничката прес-конференција одржана по состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Комитетот на министри на Арапската лига (Контакт-група за Газа) одржан на тема „Дводржавно решение и траен мир на Блискиот Исток“ во рамките на Форумот за дипломатија во Анталија, чиј глобален партнер за комуникација е Агенција Анадолу, а што се одржа во Конгресниот центар НЕСТ на Агенцијата за туризам во Белек, Туркије.

Истакнувајќи дека од утрово биле домаќини на состанокот на Контакт-групата за Газа под наслов „Дводржавно решение и траен мир на Блискиот Исток“, министерот Фидан истакна дека потоа ја продолжиле средбата во „проширен формат“ со учество на други земји.

Шефот на турската дипломатија изјави дека на разговорите присуствувале министрите за надворешни работи на Палестина, Саудиска Арабија, Катар, Египет, Јордан, Бахреин и Индонезија, генералните секретари на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига, Обединетите Арапски Емирати, Кина, Русија, Ирска, Шпанија, Норвешка, Словенија, Нигерија и Европската Унија.

Министерот Фидан истакна дека на денешните состаноци разговарале за хуманитарната ситуација во Газа, напорите за повторно воспоставување на прекинот на огнот и развојот на настаните на окупираните територии, како и дека станало збор за регионалните последици од зголемената агресија на Израел и чекорите што може да се преземат во рамките на меѓународната заедница за да се обезбеди траен мир и воспоставување решение со две држави.

„Треба да се воспостави траен прекин на огнот што е можно поскоро. Ние го поддржуваме процесот на прекин на огнот што го водат Катар, Египет и Америка“, истакна министерот Фидан.

Посочувајќи дека непрекинатиот проток на хуманитарна помош во Газа мора да се обезбеди што е можно поскоро, Фидан го рече следното:

„Го отфрламе секој план што ги принудува Палестинците да ја напуштат својата татковина. Го поддржуваме планот за обнова на Газа усвоен од Арапската лига. Го поддржуваме формирањето независна и суверена палестинска држава врз основа на границите од 1967 година со Источен Ерусалим како главен град. Ја повикуваме меѓународната заедница да обезбеди секаква поддршка за воспоставување мир“.

– „Палестинците не ја напуштија сопствената татковина“ –

Изјавувајќи дека угнетувањето во Палестина, исто така, штети на меѓународното право и на универзалните вредности, Фидан нагласи:

„Агресивниот став на Израел предизвикува регионална нестабилност и глобално беззаконие. И покрај тоа, 80-годишното насилство на Израел врз Палестинците не даде резултати. Палестинците не ја напуштија својата татковина. Тие не се откажаа од својата кауза. Ние сме уверени дека Палестинците ќе живеат во мир и спокојство под покривот на сопствената држава.“

Истакнувајќи дека дводржавното решение, исто така, ќе биде гаранција за безбедноста на Израел, Фидан рече: „Оттука го повикуваме Израел да прогласи прекин на огнот што е можно поскоро и да склучи мир со Палестинците“.

Фидан подвлече дека Туркије ќе продолжи да ги изнесува проблемите на Палестинците на секоја платформа.

По состанокот министерот Фидан им се заблагодари на учесниците и потсети дека на Дипломатскиот форум во Анталија, кој започнува денеска, ќе се одржат многу средби за Палестина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Салах со новиот договор може да атакува на место во Топ 3 голгетери во историјата на ПЛ

Следно

Земјотрес во Црна Гора почувствуван во Хрватска и БиХ

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop