Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи

April 11, 2025
1 min read

Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) на состанокот одржан вчера го разгледала случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен од надлежните органи за земање мито и донела одлука за негово итно исклучување од партијата. 

Како што денеска соопштија од оваа партија, етичкиот кодекс на AА бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален интегритет, а членовите на раководните структури да постапуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, избегнувајќи лични финансиски или материјални придобивки.

– Врз основа на ова, Комисијата за етика донесе одлука за итно исклучување од партијата на Мухсин Арифи, како и негово разрешување од функцијата претседател на Огранокот Сарај, до донесување конечна одлука од страна на надлежниот суд. AА нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата. Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет, се наведува во соопштението од АА.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски ги посети ракометарките на македонската репрезентација

Следно

Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа на Менхетен

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа
Go toTop