На страната на возачот Пајазити што ја усмрти Теодора, застанаа обвинителката Елмази, апелационите судии, Хајдари, Рустеми и Мурати, и на крај судијата Ферати, кој пресуди само две години затвор

April 10, 2025
2 mins read

На пресудата од само две години за возачот Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази младата Теодора Ристовска од Тетово, и претходела една подолга судска постапка.

Судскиот совет откако го разгледа предметот со повторното судење и изрекувањето на двегодишната затворска казна за возачот Менсур Пајазити кој во 2022 смртно ја прегази 22-годишната Теодора и заклучи дека залудно би било поднесување жалба за висината на казната до Апелациониот суд Гостивар, зашто законот вели дека исходот не смее да биде на штета на обвинетиот.

„Согласно член 428 од Законот за кривична постапка (ЗКП), ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, вели Судскиот совет.

Според ова, во повтореното судење судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово и немал друг избор, освен да ја поддржи претходно намалената казна за Пајазити од Апелациониот суд Гостивар. Односно, дека користа за обвинетиот возач Пајазити ја направиле тројца судии од Апелациониот суд Гостивар.

Иако на првичното судење, на 30 ноември 2023 судијката Верка Костовска од Основниот суд Тетово на обвинетиот Пајазити му изрекла казна затвор од 3 години и 6 месеци, на јавната седница на 16 април 2024 по негова жалба, апелационите судии од Гостивар Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати, речиси му ја преполовиле. Според пресудата на Апелација, само зашто бил семеен човек, се каел што ја прегазил Теодора, на местото немало обележан пешачки премин и бил неосудуван и трезен, казната од 3,5 години затвор му ја намалиле на 2 години.

Но Судскиот совет укажува и на друг момент. Иако првично Вишото јавно обвинителство Гостивар се изјаснило да не се прифати во Апелациониот суд Гостивар жалбата на обвинетиот Менсур Пајазити, сепак на главната расправа обвинителката од ова Вишо обвинителство Вјолца Елмази, се премислила. Елмази застанала на страна на обвинетиот, место на страната на обвинението и на своите колеги од Јавното обвинителство на Тетово. Побарала на Пајазити да му се намали казната.

„Вишото јавно обвинителство Гостивар по изјавената жалба доставило писмен предлог  III КОЖ.бр.99/24 од 11.03.2024 година, со кој се предлага изјавената жалба од обвинетиот да се одбие како неоснована. Апелациониот суд Гостивар  закажал и одржал јавна седница на која  Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Гостивар, извршил измена на предлогот III КОЖ.бр.99/24 од 11.03.2024 година, со тоа што предложил делумно да се уважи жалбата на обвинетиот изјавена преку бранителот на начин што на обвинетиот ќе му се изрече поблага кривична санкција“, наведува Судскиот совет.

Но и покрај тоа што вишата обвинителка се премислила и застанала делумно на страната на обвинетиот, на штета на жртвата Теодора и на нејзиното семејство, сепак советот од тројца судии од Апелациониот суд Гостивар Шефајет Хајдари (претседател), Даут Рустеми и Емине Мурати го имаат последниот збор и не биле должни да ги земат задолжително предвид ни мислењето, ни премислувањето на вишата обвинителка Вјолца Елмази.

По ова, Пајазити до Врховниот суд поднел Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда.

Со одлука на Врховниот суд, пресудата на Основниот суд Тетово К.бр. 436/23 од 30 ноември 2023 и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ.бр.64/24 од 16 април 2024 се укинуваат и предметот се враќа на повторно судење на првостепениот суд.

По враќање на предметот во Основен суд Тетово, тој се паѓа кај судијата Ељведин Ферати, бидејќи Костовска се пензионирала во ноември 2024.

„По одржана главна расправа на ден 07.04.2025 година по предметот К.бр.117/25 на која расправа обвинетиот дал признание на вина за предметното кривично дело кое му се става на товар со обвинението, Основниот суд Тетово го осудува на казна затвор во траење од две години. Согласно член 428 од ЗКП, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, вели Судскиот совет дека според Законот, бадијала семејството на Теодора ќе се жали пред Апелациониот суд Гостивар.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Иранскиот Фестивал на лалињата го претвори паркот Чамран во море на пролетни бои

Следно

Речиси сите училишта во Велика Британија го забрануваат користењето мобилни телефони

Latest from Blog

„Мајкрософт“ се согласи да овозможи интероперабилност со конкурентските алатки за комуникација

Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел,

Божиновска: Рекорден интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – 3.954 апликации досега

Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации

Комерцијална, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Петочната сесија на Македонската берза беше обележана со значително зголемена активност, со вкупен промет од 58,9 милиони денари,

Трагедија кај Луштица: Девојка од Србија се удави додека се фотографирала

Во четвртокот попладне, во морето кај Луштица, екипи на рониоци и припадници на поморската единица неуспешно се обидуваа да го пронајдат и извадат телото на млада девојка од Србија. Девојката од Врњачка
Go toTop