Европската комисија го поздрави одложувањето на царините на Трамп, историски скок на Волстрит

April 10, 2025
1 min read

Кина најави дека воведува царини од 84 отсто за сите производи од Соединетите Американски Држави, дополнително зголемувајќи ја претходно најавената царина од 34 отсто. Пекинг исто така поднесе и нова жалба до Светската трговска организација, откако претходно, САД дополнително ги зголемија царините за стоки од Кина – прво на 104, а потоа на 125 отсто. Покрај царините, Кина воведе дополнителни ограничувања за повеќе од десетина американски компании, вклучително и забрани за влез за нивните раководители, како и ограничувања за инвестирање на кинескиот пазар. Во жалба до Светската трговска организација, Пекинг ја обвинува американската администрација за „еднострано малтретирање“.

Министерство за трговија на НР Кина: „Зголемувањето на царините е грешка врз грешка, што дополнително ја потврдува едностраната и принудна природа на американските мерки. Кина цврсто ќе ги заштити своите легитимни права и интереси во согласност со правилата на Светската трговска организација и решително ќе го брани мултилатералниот трговски систем и меѓународниот економски поредок“. 

Американскиот претседател Доналд Трамп објави целосна пауза на сите „реципрочни“ тарифи кои стапија на сила на полноќ, со исклучок на Кина, за најмалку 90 дена. 

Доналд Трамп – претседател на САД: „Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ја зголемувам царината што САД ѝ ја наметнаа на Кина на 125 проценти, со веднаш стапување во сила. Во одреден момент, се надевам во блиска иднина, Кина ќе сфати дека нејзините денови на ограбување на САД и другите земји повеќе не се одржливи или прифатливи“.

Трамп рече дека сè уште ништо не е готово и дека Кина сака да склучи договор, само, како што рече, не знаат како да го направат тоа. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата на американскиот претседател дека ги паузира новите „реципрочни царини“ за повеќето земји на 90 дена за да овозможи преговори.

Урсула Фон Дер Лајен – претседателка на ЕК: „Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија. Јасните, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување. Европската унија останува посветена на конструктивни преговори со САД со цел да се постигне трговија без пречки и заемно корисна“. 

Земјите-членки на ЕУ вчера се согласија на одмазднички тарифи од 10 до 25 отсто за американскиот увоз, што треба да се применат од следната недела, како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум воведени пред околу еден месец. На 2 април, Трамп ја потпиша одлуката за реципрочни тарифи. Според таа одлука, царините за увоз од Македонија во САД требаше да изнесуваат 33 отсто. По најновите мерки што ги објави Трамп, берзите на Волстрит утрово регистрираа раст по една недела драстични падови, за разлика од пазарите во Кина и Јапонија, кои покажуваат загуби. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На следната седница на Општина Центар ќе се разгледува иницијативата за воведување на општински чувари

Следно

Поведена постапка против 43 лица за измами со „брзи кредити“, вмешан службеник од Фонд за здравство

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop