СДСМ прашува: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?

April 10, 2025
1 min read

Од СДСМ прашуваат зошто и по четири недели по трагедијата во Кочани, се уште нема проширување на истрагата.

„Речиси четири недели по огромната трагедија во Кочани, истргата сè уште нема одговори на едни од најважните прашања: кој сноси одговорност за пожарот во „Пулс“ и кој е виновен за сериозните безбедносни пропусти на денот на трагедијата?

Иако беше најавено, до денеска не е направен ниту еден чекор во насока на проширување на истрагата – ниту за пропустите што ја обележаа кобната ноќ, ниту за оние што ѝ претходеле.

Не е поведена постапка против ниту едно лице од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ, иако тие на 16 март, денот на трагедијата, биле на одговорни позиции.

Зошто нема проширување на истрагата иако беше најавено?

Зошто ниту еден актуелен функционер којшто бил на функција тој ден не е опфатен со истрагата ниту пак е повикан на распит? 

Не смее да има заштитени. Не смее да продолжи селективно да се води истрагата.

Одговорност мора да има – без разлика на функцијата или позицијата. Ова не е партиско прашање. Ова е прашање на правда, на доверба во институциите и на почит кон жртвите и нивните семејства.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Семејствата на настраданите имаат право да добијат одговори. Тие одговори мора да донесат конкретна одговорност, и тоа на сите нивоа.

СДСМ останува цврсто на ставот: мора да има целосна, транспарентна и неселективна истрага. Правдата за Кочани мора да победи. Таа правда мора да биде недвосмислена, видлива и целосна“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Скопски солисти“ со свечен концерт го одбележа јубилејот 25 години уметничка дејност

Следно

Кина воведе царина од 84 отсто за американските производи во услови на трговската војна

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop