Чавушоглу: Египет покажа пријателство и братство во тешките моменти

February 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Поздравувајќи ја поддршката и солидарноста што Египет ја покажа веднаш по разорните земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на почетокот на овој месец, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека двете земји „отвораат ново поглавје во односите“, јавува Анадолу.

„Пријателството и братството се гледаат во тешки времиња“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со својот египетски колега Самех Шукри, кој е во посета на јужните турски региони Адана и Мерсин.

„По двата силни земјотреси што се случија на 6 февруари, Египет го покажа своето братство и пријателство на Туркије“, наглси Чавушоглу.

Тој истакна дека двете земји „отвораат ново поглавје во односите“, истакнувајќи ја плодната средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси во Доха, Катар, во ноември.

Чавушоглу рече дека со Шукри разговарале за начините за понатамошен развој на односите на билатералната средба што се одржа на аеродромот „Шакирпаша“ во Адана.

„Развивањето на односите меѓу Туркије и Египет е во интерес на двете земји, но и не само за двете земји, туку е важно и за мирот, стабилноста и развојот на нашиот регион“, додаде шефот на турската дипломатија.

Посетата на Шукри на Туркије е прва посета на египетски министер за надворешни работи во повеќе од една деценија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпишани договори со јавните општински установи за инклузија на деца Роми

Следно

Кремљ: Кон кинескиот мировен план за руско-украинската војна е пристапено со големо внимание

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop