Го поканила семејството на свадба во Мексико, а тие ја киднапирале заради принуден брак со друг

February 27, 2023
1 min read

Една девојка го поканила семејството на нејзината свадба во Мексико, а тие ја киднапирале заради договорен присилен брак со друг маж, за 500.000 американски долари, и ја префрлиле во Јемен.

„Ти веќе не си на Запад, ти си сега на Блискиот Исток, а жените како тебе тука се убиваат“, ѝ рекол таткото Калед Абуганем на својата ќерка, според правосудните органи на САД.

Американката која се обидела да ја прослави својата свадба во Мексико, лани во септември го поканила своето семејство во Гвадалахара. Наместо тоа, татко ѝ, мајката и браќата сковале заговор да ја киднапираат во обид да ја принудат да се омажи за друг маж од Јемен.

Неименуваната жртва била измамена од нејзиното семејство да го напушти Мексико и да отпатува во САД. Притоа, татко ѝ ѝ ветил дека ќе го поддржи нејзиниот брак со свршеникот, кого таа го познавала девет години.

Наместо тоа, во Мексико нејзиното семејство прво се обидело да изнуди мираз од 30.000 долари од „несудениот младоженец“, па Калед ѝ се заканил на својата ќерка дека ќе ја фрли од 12-от кат на хотелот каде што престојувале… А, следниот ден, таткото, наводно, „се премислил“ и се согласил за бракот – но само ако тој биде домаќин на свадбата во САД.

Ќерката се согласила да се врати во САД…

Но, само што стапнала во домот на нејзиното семејство, таа е затворена и е под постојан надзор. Кусо потоа девојката е принудена да се качи на лет за Египет, каде што нејзините имале намера за брак со другиот маж – во Египет или Јемен, за половина милион американски долари.

„На жртвата ѝ било кажано дека ако не се согласи со договорениот брак, таа ќе биде затворена во нејзиниот дом без контакт со надворешниот свет засекогаш и нејзиниот свршеник ќе биде убиен“, е наведува во изјава во судските документи.

Властите во САД водат случај против нејзиниот татко, Калед и брат ѝ Валид, кои дури и имале намера да ја убијат девојката.

„Жртвата верува дека таа ги преживеала нападите поради интервенцијата на нејзината мајка“, соопштува судот. Нејзиниот татко, наводно, изјавил: „Требаше да те убијам пред да го напуштам Јемен, ти кучко! Мојата најголема грешка беше што остана жива“.

Не се знае дали мајката на девојката ќе се соочи со обвиненија за нејзина вмешаност во присилниот превоз на нејзината ќерка во Јемен.

Девојката е сè уште во Јемен, но добива поддршка преку неименувана непрофитна организација и од дел од семејството, според судските документи. Таа, според наводите, била туркана по скали, камшикувана и давена од нејзиниот татко. Податоците се добиени од царински записи, сведочење од нејзиниот свршеник, пишани пораки меѓу Калед и Валид Абуганем, и тајни е-мејлови испратени од самата жртва.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕСМ Снабдување со топлина ја презема базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда

Следно

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа Меморандум за разбирање

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop