ЕСМ Снабдување со топлина ја презема базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда

February 27, 2023
1 min read

 ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека во законска постапка ја презема базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во Скопје.

– Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ Снабдување со топлина, како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија, се наведува во соопштението.

ЕСМ Снабдување со топлина посочува и дека во иднина ќе биде Контролор на личните податоци и ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци.

Сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

70 отсто од ретките болести низ светот се појавуваат кај децата

Следно

Го поканила семејството на свадба во Мексико, а тие ја киднапирале заради принуден брак со друг

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Подобрување на јавните простори со нов парк во типската населба

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПРЕД МАСОВЕН ПОМОР: Еболата влезе меѓу бегалците, ИСИС не дозволува помош!

Епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго брзо излегува од контрола и се шири со застрашувачка брзина. Локалните власти официјално соопштија дека бројот на потврдени случаи веќе достигнал 1.003,

Божиновска: Две години посветена работа за посилна и енергетски независна Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод две години од формирањето на Министерството порача дека институцијата од идеја прераснала во еден од клучните носители на политиките во енергетскиот
Go toTop