Марка објави, еве кои ќе бидат добитниците на ФИФА наградите

February 27, 2023
1 min read

Шпанскиот весник „Марка“ излезе со информација за тоа како ќе бидат распределени наградите „The Best“ од ФИФА.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и Аргентина, Лионел Меси ќе ја добие наградата за играч на годината за 2022 година, според Марка. Тој ги победи Карим Бензема (Реал Мадрид/Франција) и Килијан Мбапе (ПСЖ/Франција).

Наградата за најдобар голман на годината ќе ја добие Емилијано Мартинез (Астон Вила / Аргентина). Во гласањето тој беше пред Тибо Куртоа (Реал Мадрид/Белгија) и Јасин Буна (Севиља/Мароко).

Наградата за најдобар тренер на годината ќе ја добие Лионел Скалони, кој работи со репрезентацијата на Аргентина. За оваа награда претендираа и Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити).

Церемонијата на ФИФА „The Best“ ќе се одржи вечер од 21 часот во Париз.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

По објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот, пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството

Следно

Воената тајна на Украина: колку војници загинаа?

Latest from Blog

Почина личниот дизајнер на принцезата Дијана- ја нарекуваше „осамена“ (ФОТО)

Како што е објавено, Костело починал мирно, опкружен со своите најблиски во Лондон. „Тој беше опкружен со својата сопруга и седум деца и почина мирно во Лондон. Ве молиме почитувајте ја приватноста

„Бев 5 часа жив закопан и сепак преживеав“- потресна исповед на човек кого го прогласиле за мртов

На пат кон болницата, тој веќе еднаш починал, бил оживеан, а потоа прогласен за мозочно мртов. Неговото семејство се собрало околу неговиот болнички кревет за да се збогува. И токму кога изгледало

Како да го одмрзнете ветробранско стакло на автомобилот во зима?

„Научете го единствениот безбеден начин за одмрзнување на автомобилот. Стручњаците предупредуваат дека топлата вода може да го оштети стаклото и бришачите.“ Со пристигнувањето на првиот студен бран оваа зима, милиони возачи се

МАЖ ОД МАКЕДОНИЈА ПОЧИНАЛ НА ЛЕТОТ ЧИКАГО-БЕЛГРАД Персоналот му дал прва помош, но било залудно

Маж од Македонија починал денес за време на летот од Чикаго до Белград, објавија српските медиуми. На несреќниот патник (57) му се слошило за време на летот. Персоналот му пружил прва помош,
Go toTop