Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на речиси 50.600

April 4, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 86 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 50.609, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се вели дека уште 287 повредени лица се пренесени во болниците, во последните 24 часа, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 115.063

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

На 18 март израелската Армија започна ненадејна воздушна кампања врз Појасот Газа, при што се убиени 1.249 Палестинци, а речиси 3.022 се повредени и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што беше постигнат во јануари.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кешишев до Палевски: Ти го поли Цитроенот со бензин, а Боре го фрли чкорчето и се запали колата

Следно

Де Брујн се збогуваше со Манчестер сити!

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop