Пратениците без расправа го усвоија Годишниот извештај на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024

April 3, 2025
1 min read

Пратениците во рамки на денешната 41. пленарна седница без расправа го усвоија Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024 година, помина и Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2024 година.

Пратениците го изгласаа Предлог на законот за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија.

Не беше прифатен Предлог на законот за рехабилитација на Република Северна Македонија поднесен од пратеникот на „Европскиот фтон“, Сали Мурати кој при образложувањето истакна дека законот се однесува на е овозможување на целосна и ефикасна рехабилитација на лицата кои биле жртви на политички прогон во периодот од 2 август 1944 година до денот на стапување во сила на овој закон.

Исто така, пратениците дадоа поддршка да се проследат на натамошно второ читање неколку предлог-закони: Предлог на законот за изменување на Законот за вработување и работа на странци, Предлог на законот за изменување на Законот за Европски работнички совет, Предлог на законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на трудот, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на закон за работно ангажирање на лица.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски информира дека за првите пет точки Предлог на законот за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, Предлог на законот за ратификација на Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, Предлог на законот за ратификација на Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, Предлог на законот за ратификација на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки и Предлог на законот за ратификација на измената на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година, од 41. седница ќе се расправа и ќе се гласа кога ќе се создадат деловнички услови.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Никој нема да има корист од глобалната трговска војна

Следно

Средба Муцунски-Рубио: Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop