Флик нема загубено финале во тренерската кариера

April 3, 2025
1 min read

Одличната прва сезона на Ханси Флик на клупата на Барселона продолжи и со синоќешниот триумф во Мадрид над Атлетико, со што каталонскиот тим стигна до финалето на Копа дел реј, каде ќе ги одмери силите со вечниот ривал Реал Мадрид.

Флик остана без пораз и на шестото гостување во Мадрид во тренерската кариера, а Германецот сега ќе се обиде да продолжи уште една фантастична серија, ако се знае дека тој во тренерската кариера нема загубено ниту едно финале. Тимовите на Флик досега играле шест меча за трофеј, притоа забележувајќи исто толку победи.

Германскиот стратег веќе ја водеше Барса во едно финале, она од Супер-купот на Шпанија што се играше во Саудиска Арабија, каде каталонците го демолираа Реал Мадрид со 5-2.

Финалната серија победи на чело на Баерн Минхен тој ја почна со триумфот над ПСЖ во Лигата на Шампионите со 1-0, по што во Супер-купот на Европа ја совлада и Севилја со 2-1. Флик стигна и до пехарот на светското клупско првенство откако Левандовски стрелаше прецизно за триумф на Баерн над Тигрес од 1-0, а се закити и со пехари во Купот на Германија (победа над Баер Леверкузен од 4-2) и во Супер-купот на својата татковина (3-2 над Борусија Дортмунд).

Дали серија ќе продолжи, ќе видиме на претстојното финале на Копа дел реј против Реал Мадрид…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Островот Занзибар привлекува посетители со уникатните тури „сино сафари“

Следно

Обвинение против таткото на Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова

Latest from Blog

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако
Go toTop