Делумно помилуван Ѓоко Поповски, обвинет во случаите „300“ и „Тенк“ на поранешното СЈО

April 3, 2025
1 min read

Екс помошникот министер во Министерството за внатрешни работи Ѓоко Поповски е делумно помилуван со одлука од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, објавена на 2 април во Службен весник.

Со оваа одлука, Поповски делумно се ослободува од понатамошно издржување на неиздржаниот дел од заедничката затворската казна за случаите „300“ и „Тенк“, отворени од поранешното Специјалното јавно обвинителство каде се велеше дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453 570 евра.

За случајот за набавката на возилата, во мај 2018 година беше првостепено осуден на девегодишна затворска казна, но Апелација во декември истата година ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење. Во октомври 2019 година Поповски повторно доби девет години затворска казна, што Апелација ја намали на пет години.

За случајот Тенк, за набавката на мерцедесот Поповски доби 4,5 години затвор, додека поранешниот премиер Никола Груевски, како поттикнувач за извршување на делото доби две години затвор.

Поповски за двата случаи бара спојна казна и ублажување, по што добива една заедничка казна затвор од 8 години и два месеци, што потоа Апелација ја намалува на седум години затвор.

Во Одлуката на Сиљановска Давкова, се помилувани осум лица, од кои четири целосно, а четири од делумно извршување на казната.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митовски: Крива Река е токсична, според ИЈЗ сите параметри се неколку пати над дозволеното

Следно

Кина: Новите царини на Трамп го поткопуваат мултилатералниот трговски систем

Latest from Blog

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако
Go toTop