Додик: Се вратив во Бања Лука преку редовен граничен премин

April 2, 2025
1 min read

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик вечерва се врати во Бања Лука и во моментов е гостин на Радио-телевизија РС (РТРС), каде повтори дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го известил дека Интерпол одбил да издаде централна потерница против него и претседателот на Парламентот на РС, Ненад Стевандиќ.

Тој им се заблагодари на Србија, Унгарија, Црна Гора и Русија и, како што рече, и на некои земји кои побарале од Интерпол да не издава црвена потерница по него, наведувајќи дека барањето на Судот на Босна и Херцеговина за распишување меѓународна потерница по него е политички мотивирано.

„Одлуката што ја донесе Интерпол за отфрлање на барањето на неуставниот суд на Босна и Херцеговина за издавање црвена потерница е правилна одлука, која ја очекував“, рече Додик.

Тој додаде дека Интерпол „не е во функција на Сараево, кое дознало дека некој секогаш им ги исполнува желбите“.

-Тоа е вистинската одлука, ја очекував, бидејќи ако има правда во светот, таа таква треба да биде, рече Додик.

Тој понатаму рече дека РС „мора да врати се што уништија од политичко Сараево“.

Тој оцени дека целта на обвинувањата на Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина не е тој или лично Стевандиќ, туку се е насочено кон запирање на Република Српска.

-Никој не може да ја запре Србија. Јас одлично знам што правам и убеден сум дека сум на вистинскиот пат, рече Додик.

Запрашан како се вратил во РС, бидејќи по него има централна потерница во Босна и Херцеговина, тој изјави дека се вратил исто „како што заминал“, со автомобил, преку редовен граничен премин.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адамчевски во 24 анализа: Царините кои ќе ги воведе Трамп може да му се вратат како бумеранг

Следно

СДСМ: Мицкоски го допре дното, по промоцијата на Магна, очекуваме Мицкоски да го пушти во употреба „Мој ДДВ“

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се
Go toTop