Мицотакис најави „драстичната трансформација“ на вооружените сили во Грција

April 2, 2025
1 min read

Долгорочен план за трошоците за одбраната со вклучување на нови одбранбени технологии и трансформација на армијата, план во висина од 25 милијарди евра, најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис од Парламентот, истакнувајќи дека станува збор за „најдрастичната трансформација на вооружените сили во современата историја на државата“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека кога станува збор за средства за националната одбрана, тие не се однесуваат само на трошоците и инвестициите во воената опрема, туку и на „цврстата инвестиција на нашата татковина да остане силна, стабилна, независна, во свет кој се менува со непредвидливо темпо“.

– Ако нема заштита од надворешни закани, не постои одржлив развој, инвестиции, туризам, иновации. За сè е потребна стабилна и безбедна средина. Кој би го вложил својот капитал во земја која не ги чува своите граници?, рече Мицотакис истакнувајќи дека „инвестициите во одбранбените капацитети се инвестиции во суверенитет, инвестиции кои се однесуваат на заштитата на националното достоинство“.

Објасни дека министерот за одбрана за периодот на програмата „располага со 25 милијарди евра, важен износ во која мора да даде приоритет и да ги смести оние опции кои се навистина критични и неопходни“,

– Основната филозофија (на новата програма) е пред сè поврзана со интеграција на новите одбранбени технологии и начинот на кој во суштина во пракса гледаме дека се менува начинот на операциите. Од Украина па сè до она што се случува на Блискиот Исток, сега се соочуваме со поинаква војна од онаа што ја знаевме или од онаа што нашите вооружени сили евентуално би биле подготвени да ја водат, рече Мицотакис и ги спомена како пример возилата без екипаж, методите на војување со беспилотни летала и против дрон заштитата, систематската употреба на вештачка интелигенција, сајбер одбраната и сајбер нападите итн.

На крајот од неговиот говор во Парламентот, грчкиот премиер посочи дека за оваа долгорочна програма потребно е да има национален консензус.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел

Следно

Кривична за полицаец од Охрид – си носел дрога на работното место!

Latest from Blog

Икер Касиљас: Не го сакам Мурињо во Реал Мадрид!

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, верува дека Жозе Мурињо не е најдобрата опција за нов тренер на клубот. “Специјалниот“ е пред враќање на „Бернабеу,“ а веста се очекува да биде

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop