Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во надлежност на Општина Студеничани и МЖСПП

April 2, 2025
1 min read

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на овие канали и коритото на реката.

Градот Скопје во неколку наврати досега апелираше до надлежните во општината за потребата од чистење на каналите и коритото, но апелите за жал не наидоа на резултат од страна на одговорните.

За дезинформациите ќе бараме и правна одговорност. Во овој момент екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје, ЈП Водовод и Канализација и останатите претпријатија на градот Скопје се на терен и активно помагаат во спречување на дополнителни штети и санирање на веќе настанатите.“ – се вели во соопштението.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Нападнат судија во Перу, се одбрани со кунг-фу потег

Следно

Кинеската армија спроведе воени вежби во Тајванскиот теснец

Latest from Blog

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Коњановски: Да чекориме истрајно напред, водени од борбата и идеалите на револуционерите

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев во дворот на Музејот во Битола беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претставници на
Go toTop