ПОЧИНА АКТЕРОТ ВАЛ КИЛМЕР

April 2, 2025
1 min read

Американскиот актер Вал Килмер, кој се прослави како Ајсмен во „Топ ган“ и Џим Морисон во биографскиот филм за „Дорс“, почина на 65 години. Неговата ќерка Мерседес изјави дека Килмер починал од пневмонија во Лос Анџелес. На Килмер во 2014 му беше дијагностициран рак на грлото, од што целосно заздраве.

Роден на 31 декември 1959 во Лос Анџелес, Килмер на 17 години бил примен како најмладиот ученик во Џулијард во Њујорк, една од најпрестижните актерски школи на светот. Актерската кариера ја почнал во театар, а филмското деби го имаше во комедијата „Строго доверливо!“ во 1976 година. Ја играше рок ѕвездата Ник Риверс, кој е вовлечен во источногермански заговор за обединување на Германија. Овој филм покажа дека Килмер добро пее, па дури сними албум под името Ник Риверс.

Вистинска слава му донесе улогата на пилотот Том Ајсмен Казански, ривалот на Том Круз, во „Топ ган“. Филмот бил снимен за 15 милиони долари, а заработи 350 милиони. Килмер ја репризираше улогата во продолжението од 2022.

1990-тите покажаа дека Килмер може да се носи и со главни улоги во големи продукции, што особено дојде до израз во „Дорс“ на Оливер Стоун, во кој го играше Џим Морисон. Поради оваа улога, Килмер значајно ослабнал и научил да пее 50 песни од „Дорс“.

Потоа следуваа улогите во „Вистинска романса“, „Тумбстоун“, „Жештина“ и го замени Мајкл Китон како Бетмен во „Враќањето на Бетмен“. Килмер потоа одби уште еднаш да го игра овој суперхерој, но затоа го играше Сајмон Темплар во „Светец“, за што бил платен шест милиони долари.

Иако имал репутација дека е тежок и проблематичен на снимањата, Килмер продолжи редовно да снима и во 2000-тите, а се врати и во театар. Неговата кариера доживеа застој откако во 2014 му беше дијагностициран рак на грлото, при што му беше изведена трахеотомија, што му го наруши зборењето.

Во 2021 тој го сними документарниот филм за неговиот живот „Вал“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“

Следно

Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop