Невреме и на грчкиот остров Крит

April 1, 2025
2 mins read

Силно невреме со обилни врнежи од дожд, по Парос и Миконос, го зафати и грчкиот остров Крит, особено во западниот дел и пошироката околина на градот Ханиа, каде што според локалните медиуми, поради поплавените улици, потребна била интервенција на противпожарната служба за помош на возачи заглавени во нивните возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и посетителите на Крит за интензивните временски појави до утре наутро со препорака да бидат внимателни при движењата и да ги следат упатствата на надлежните.

Генералниот секретар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, Никос Папаевстатиу утрово свика состанок на Комисијата за процена на опасности поради невремето и според членовите, обилните дождови и грмотевици пропратени со силен ветер и локален град се очекува да продолжат до среда напладне во делови на Егејското Море, а особено внимание треба да се посвети на Крит и Додеканезите, каде ќе бидат најсилните појавите.

-Оперативниот центар за цивилна заштита оствари комуникација со локалните власти, безбедносните сили и сл., за сите инволвирани органи да се целосно информирани за претстојните временски појави и да се во оперативна готовност, соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција.

Од бројот 112 за итни случаи денеска беа испратени две пораки, една до жителите на островите Хиос, Самос и Икариа и друга до жителите на групата острови Додеканези дека до попладневните часови утре се очекуваат интензивни временски појави, им препорачаа да бидат внимателни во движењата и да ги следат упатствата на надлежните.

Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, а на Парос и Миконос предизвика материјална штета, каде што вчера од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите и посетителите на двата острови дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случа.

Вчера на Парос и Миконос улиците се претворија во реки и водата повлече паркирани автомобили, додека утрово ситуацијата е подобрена, но се пребројуваат штетите.

Градоначалникот на Парос Костас Бизас утрово за грчката телевизија ЕРТ рече дека најголемиот проблем на островот бил вчера од 15 до 19 часот и најпогоден е градот Науса, објасни дека од невремето околу 39 автомобили претрпеле штети, а штети има на патната мрежа, со што, како што истакна е опасна за сообраќај на возила.

Дополнително посочи дека досега немаат видено толку обилен дожд на островот, а нагласи дека за среќа немаше повредени граѓани.

Во текот на вчерашниот ден поради обилни врнежи од дожд на Парос и Миконос, Противпожарната служба на Грција примила вкупно 160 повици за помош, а интервенирале за 13 лица да бидат пренесени на безбедни места на Парос.

Противпожарните сили на Миконос, биле зајакнати со двајца пожарникари со едно возило кои пристигнале од островот Тинос и четворица пожарникари со две возила од Андрос, додека на Парос пристигнале шест пожарникари со три возила од соседниот остров Наксос.

Вчера, хеликоптер од Атина со осум пожарникари се упати кон Парос за доколу е потребна дополнителна помош, меѓутоа поради невремето и опасните временски услови не успеа да стигне и се врати во грчката метропола.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Oставката на градоначалникот на Kочани Папазов кој е притвор поминала на влада

Следно

Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје

Latest from Blog

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Go toTop