Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

April 1, 2025
1 min read

Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен изјави дека судската одлука со која ѝ се забранува да извршува изборни функции практично ја исклучува од трката за претседателските избори во 2027 година. Таа нагласи дека нема големи надежи дека нејзината жалба ќе биде разгледана пред изборите.

Според неа, забраната е „политичка одлука“.

– Да бидеме искрени, јас бев елиминирана, но вистината е дека елиминирани беа и гласовите на милиони Французи, изјави Ле Пен за францускиот TF1.

Таа додаде дека ќе ги искористи сите правни средства за да ја поништи пресудата, по што би можела да ја разгледа можноста повторно да се кандидира.

Доколку не успее, 29-годишниот лидер на Национален собир, Жордан Бардела, може да биде нејзин кандидат за претседател.
– Жордан Бардела е голем адут за партијата, и тоа го велам одамна, нагласи Ле Пен.

Таа истакна дека одлуката на судот претставува „практика која сме ја сметале за резервирана за авторитарни режими“ и дека милиони Французи се „восхитени“ од нејзината борба против „неправдата“.

Француски суд вчера донесе одлука според која Марин Ле Пен од десничарската француска партија Национален собир е осудена на четири години затвор поради проневера на средства од европски фондови.

Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова пленарна седница на Собранието

Следно

Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето

Latest from Blog

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Коњановски: Да чекориме истрајно напред, водени од борбата и идеалите на револуционерите

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев во дворот на Музејот во Битола беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претставници на

ВЛЕН: Од нови амбулантни возила до инвестиции во образованието

ВЛЕН ги претстави како резултати од своето владеење одлуките и активностите во изминатата недела, меѓу кои решението за професионалните војници по навршувањето 45 години, набавката на нови амбулантни возила, поддршката за земјоделците
Go toTop