Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

March 29, 2025
1 min read

Корупцијата во Северна Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната болница во Тетово се директна последица на системски пропусти, политичка заштита, некомпетентни вработувања и институционална негрижа, истакнаа членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

„И покрај континуираните ветувања за реформи, не се спроведени суштински промени во контролата, инспекциските механизми и законската одговорност, што доведе до 150 изгубени животи. Недостигот од одговорност и селективна примена на закони создадоа амбиент каде трагедиите се очекуван исход, а довербата во институциите е длабоко нарушена. Без еднаков третман пред законот и вистински системски реформи, ваквите трагедии ќе продолжат да се повторуваат. Во оваа прилика Платформата упатува конкретни барања до надлежните институции со цел да се прекине праксата на неказнивост, селективна правда и формално исполнување на обврски“, наведено е во соопштението од Платформата.

Оттаму бараат итно да се преземе целосна, непристрасна и транспарентна истрага за пожарот во Кочани, а Обвинителството да спроведе темелна и објективна истрага, без политички влијанија.

„Бараме да се објават основни податоци од планот за истрага и да се организираат редовни јавни брифинзи за напредокот, без да се откриваат чувствителни детали. Бараме строги, предвидливи и правично применети казни за корупција, затоа што малите и симболични казни само го охрабруваат прекршувањето на законот. Потребно е да се унапреди заштитата на укажувачите. Одговорност за институциите и компаниите што не ги исполнувале обврските- Потребно е јасно утврдување зошто контролите и надзорот не се спроведувале со години, да се утврди дали тоа било резултат на нестручност или свесен пропуст и да се обезбедат информации за тековните постапки и резултатите од нив. Теренски проверки при вонреден надзор- Само административна проверка не е доволна. Потребно е инспекциите преку теренска и темелна проверка да утврдат кои објекти и компании ги исполнуваат законските стандарди. Проверка на имотна состојба и интереси на инспектори и службеници кои одлучуваат во постапки за доделување лиценци и дозволи- Да се проверуваат анкетните листови на лица кои одлучуваат за дозволи и надзор, со цел да се откријат евентуални конфликти на интереси, коруптивни врски и нечесно влијание врз одлуките“, пишува во соопштението.

Од Платформата истакнуваат дека барањата што ги упатуваат се основни чекори кон создавање држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедно и достоинствено, каде можат слободно да се движат и живеат без страв. Најави ја и дека во следните недели ќе биде подготвена „Бела книга“ со досега неисполнети барања за системски реформи, придружена со акциски план и рокови за институциите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан

Следно

Им изгоре куќата два дена пред Бајрам, семејство од Арачиново со насолзени очи бара помош

Latest from Blog

Божиновска во Солун: Македонија активно се вклучува во регионалните енергетски процеси

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска и утре престојува во Солун, каде ќе учествува на 6. Метрополитен самит „Во пресрет на 2030 година: поврзаност и раст за Југоисточна

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со селектирани светски брендови, повеќедецениска експертиза и понуда развиена според реалните потреби на здравствените работници, новиот специјализиран снабдувач гради долгорочно партнерство со медицинската заедница. Почетокот на работа го одбележува со попусти и

Eве што им значи Меси: Цела Аргентина ќе аплаудира во 10-тата минута!

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси се збогуваше со аргентинската репрезентација, а начинот на кој неговата земја ќе му се заблагодари многу зборува за величината што ја има во фудбалот таму. Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА)

ВЛЕН до ДУИ: Г’зим Острени кажа што се случувало со албанскиот јазик, ќе одговори ли Ахмети?

Политичката партија ВЛЕН бара од Демократската унија за интеграција (ДУИ) да се изјасни за неодамнешните изјави на Г’зим Острени во врска со Охридскиот рамковен договор и улогата на Али Ахмети. Од ВЛЕН
Go toTop