Им изгоре куќата два дена пред Бајрам, семејство од Арачиново со насолзени очи бара помош

March 29, 2025
2 mins read

Два дена пред празникот Бајрам семејството Алии од скопско Арачниново остана без покрив над главата.

Откако избувнал пожар на покривот на една од куќите, пламенот ги зафатил двата покрива, а ова 11-члено семејство изгубило се. Жар и пепел, вака изгледаат покривите на куќите на семејството Алии.

Траги од вчерашниот пожар се видливи и на лицето на домаѓинот Решат Али, кој со треперлив глас го раскажува моментот кога го разбудиле од сон врисоците на синот да излезат од куќа за да се спасат.

„Накај 8 часот. Накај 8 часот, не знам колку точно беше часот, само синот ме разбуди, ми кажа стани се запаливме“, рече Али.

ТВ21: Дали имате голема материјална штета?

Алии: Има. Две куќи изгореа.

Една од снаите на чичко Решат, Мевлуде, е таа што го слушнала избувнувањето на пожарот. Со насолзениочи раскажува како се обидувала сите да ги разбуди и напорите да го изгасне огнот. Таа вели дека се чувала во покривот, додека единствената облека која и останало е тоа што ја носела на неа .

„Се што имавме се е изгорено. И облеката, еве само со овие. Се што имавме, облека на децата, сѐ, сѐ, сѐ изгоре. Кога го водов огнот, сакав да фрлам нешто над огнот, ми викнаа бидејќи за малку и јас ќе се изгорев. Кога ја отворив вратата на кровот за да се качам, имаше пламен, земав еден јорган за да го врлам врз пламенот ми викнаа – бегај, ќе изгориш. Така беше, трчав по скалите надолу да ги разбудам сите бидејќи сите спиеја, 8:45 часот, ништо немаше, во 9 часот се изгоре. Буквално се изгоре“, изјав Мевлуде Алии.

Трпението преовладува и кај чичко Решат и кај г-ѓа Мевлуде, кои велат фала Богу сите сме здрави, штета има, но некако ќе направиме.
Ова семејство бара од сите хумани луѓе да им помогнат да го обноват покривот на куќите, додека за останатото сами ќе работат и ќе го поправаат.

Решат Алии: Не знам што да кажам, кој може да ни помогне…

ТВ21: За што имате најмногу потреба?

Решат Алии: Ова да го покриеме, за другото не е проблем, но ова барем да не прокиснува дожд…што да правиме и Бајрам е, не знам што да кажам. Ова само некој кој го поминал знае како е, друго не знам што да кажам. До вчера ни јас не знаев како е но еве денеска знам како е! Не знам што….

Мевлуде Алии: Тие експлозии, уште ми стојат во глава. Овој Бајрам никогаш нема да го заборавам. Да остане човек без куќа многу било тешко. Многу!



ТВ21:Верувам дека кај чичкото ќе го поминете Бајрам?

Решат Алии: Да! Каде на друго место! Во собите не можеме да влеземе од миризбата и водата што прокиснува.

ТВ21: Вие од луѓето барате најмалку, кажувам најмалку, барем овој кров да се изгради?

Решат Алии: Да само покривот, за другото малку по малку ќе средиме. Се наеднаш не може да се направи! Покирвот е најважен и да влеземе и малку да можеме да ги средиме тие две соби и да влеземе. Тоа е.

Овој Бајрам ова семејство нема да можат да го слават во својот дом поради големите штети од пожарот кој вчераутро го зафати покривот на нивната куќа. Сите што сакаат да ипомогнат на ова семејство може директно да ги контактира на телефонските броеви што ги гледате на екранот.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ
071800896
070533193

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Следно

Марк Маркез обезбеди три пол-позиции за прв пат од 2019 година

Latest from Blog

Проданоски: Нови седишта за публиката и подобри услови за навивачите на „Победа“

На малата трибина на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се поставени нови столчиња со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Со овој зафат се подобруваат условите за

ПРАТЕНИЧКАТА ХЕЛЕН ХЕЈНС ОСТАНА БЕЗ ДВЕТЕ НОЗЕ, напаѓачот се соочува со тешки обвиненија

На независната пратеничка Хелен Хејнс ѝ беа ампутирани двете нозе откако во понеделникот беше намерно прегазена со автомобил, потврди нејзиниот сопруг Фил Хејнс. Поради нападот, 43-годишниот Брендан Нуџент денес беше изведен пред

Селекторот Лазаров одреди список од 35 ракометари за квалификациите за ЕП 2028, на него е и Горига

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари за почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Од оваа група ќе бидат избрани

Николоски: Со Турција имаме голем потенцијал за нови инвестиции и посилна економска соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Компанијата 4iG IT Ltd. дел од 4iG Групацијата и Министерството за јавни работи на Црна Гора потпишаа договор за дигитализација и технолошка модернизација на институциите задолжени за спроведување на законот и граничната
Go toTop