„Кој е следен“ со протест пред Собрание: Бараат објавување на документите за „Пулс“

March 29, 2025
3 mins read

Граѓанското движење „Кој е следен“ денес започна протест пред Собранието, барајќи правда за жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.

Симболично, демонстрантите донесоа столчиња, а на транспарентот кој го истакнаа стоеше пораката: „Собранието заседава, молиме за галама“ – алудирајќи на одлуката на пратениците да не одржат седница по несреќата.

„Како граѓани сме фрустрирани од неактивноста на Собранието. Не само овие две недели – туку постојано е пасивно. Додека пратениците одат на одмор, ние решивме да се собереме и да дискутираме за проблемите“, изјави Борјан Ефтимов од движењето.

Тој упати јавно барање до институциите да ја објават целосната документација за работењето на „Пулс“. Ова барање е адресирано до:

Државниот пазарен инспекторат,

Министерството за економија,

Министерството за внатрешни работи,

Инспекторатот за урбанизам,

Локалната самоуправа во Кочани,

Дирекцијата за заштита и спасување,

Управата за јавни приходи,

Консултативното тело за превенција во Кочани.

„Бараме да се објави документацијата за да видиме дали низ годините бил спроведен соодветен надзор врз работењето на дискотеката“, додаде Ефтимов.

Освен за „Пулс“, движењето повика на транспарентност и за други случаи, меѓу кои трагедиите со Беса Транс, Дурмо Турс, Онкологија и модуларната болница.

Барања во рамки на секторот за безбедност и одговорност

Од иницијативата „Кој е следен?“ истакнаа дека изготвиле конкретни барања за инспекторатите.

„Бараме да се формира граѓански сервис „Е-инспекторат“, кој ќе овозможи транспарентно работење на сите инспекторати во земјата. Со ова, секој граѓанин ќе може да има увид во тоа кои објекти биле предмет на надзор, а кои не. Како што досега бевме принудени да проверуваме кога воздухот е загаден за да знаеме кога можеме да излеземе надвор, сега сме во ситуација да проверуваме кога нашата безбедност е загрозена и кои објекти ја гарантираат“, истакнаа од иницијативата.

Покрај тоа, предлагаат воведување централен телефонски број за пријавување нерегуларности во работата на инспекторатите. На овој број, секој граѓанин ќе може да пријави неправилности, кои потоа ќе бидат проследени до надлежните институции.

Урбани решенија за градовите

Иницијативата има барања и во однос на урбаните проблеми и јавниот превоз.

„Бараме надлежните да се посветат на обезбедување функционален јавен превоз. Ја поддржуваме амбицијата на Македонски железници за воведување градски воз, со што јавниот транспорт ќе добие нова димензија. Исто така, предлагаме одредени зони во градовите да бидат наменети исклучиво за пешаци. Ова веќе се практикува во делови од Дебар Маало, каде одредени улици за време на викендите се затворени за автомобили. Вакви мерки ќе придонесат за создавање градови за луѓето, а не само за возилата“, велат од „Кој е следен?“.

Барања за правда и одговорност

Борјан Ефтимов зборуваше за барањата поврзани со правда и одговорност, особено за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и за други трагедии во кои граѓани ги загубија животите.

„Во однос на случајот со „Пулс“, иницијативата има сериозни сомнежи дали надлежните институции ќе ја спроведат правдата на соодветно ниво. Затоа бараме транспарентно објавување на целокупната документација за работењето на дискотеката од 2012 година до денес, од сите надлежни институции. Потребно е да се утврди дали воопшто постојат вакви документи и дали било кога бил извршен надзор“, истакна Ефтимов.

Освен за случајот „Пулс“, иницијативата бара транспарентност и за трагедиите поврзани со „Беса Транс“, „Дурмо Турс“, онкологијата и модуларната болница во Тетово.

„Во овие трагедии, каде што системот потфрли, јавноста остана нецелосно информирана, со цел да се заштитат одредени поединци или групи што управуваа со државата во изминатите 33 години. Бараме одговорност и од приватниот сектор – компаниите мора да ги едуцираат своите членови за да можат да се справат со кризите и да ги заштитат граѓаните. Не може стопанските комори да реагираат само кога бараат финансиска помош од државата или дозволи за проширување на своите тераси, на штета на безбедноста на граѓаните“, додаде Ефтимов.

Тој изрази фрустрација поради неактивноста на Собранието, истакнувајќи дека тоа останува пасивно, иако неговата основна улога е да ги претставува граѓаните.

„Додека пратениците одат на одмор платен со нашите пари, ние сме овде, без патни трошоци и дневници. Денес сме тука затоа што не сакаме да молчиме. Ова е повик за одговорност, затоа што сите можеме да бидеме следните жртви. Гласот мора да се чуе, а институциите мора да реагираат“, порача Ефтимов.

Од „Кој е следен?“ додаваат:

„Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Демократијата не оди на пауза. Не затоа што немаме што да правиме, туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат, ќе критикуваат, ќе поддржуваат, ќе го кажат она што премногу долго тлее. Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушнат. Ова е твојот простор. Наш простор.“

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп потпиша указ за „разубавување“ на американската престолнина

Следно

„Кој е следен“ бара да се објават сите документи за дискотеката „Пулс“

Latest from Blog

Де Ла Фуенте: Родри е Меси на шпанскиот фудбал! (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Де Ла Фуенте во интервју за Радио Марка изнесе неколку интересни видувања. Покрај другото тој го пофали Родри, велејќи дека тој е Лионел Меси на шпанскиот

(ВИДЕО) Путин прашан дали Русија ќе гаѓа цели во Британија? Погледнете го одговорот

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција не ја исклучи можноста за напад врз воени објекти во Обединетото Кралство како одговор на британската поддршка за Украина, јавува руската агенција Интерфакс. Путин појасни дека

Добра вест за прилепските првачиња: Секое дете добива по 3.000 денари

Општина Прилеп објави јавен повик за еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината. Оваа година мерката за првпат се

Фановите на Манчестер Јунајтед се бесни: „Овие луѓе се идиоти“!

ФОТО: Manchester United/FB Последните часови од преодниот рок донесоа неверојатни пресврти, големи трансфери и одлуки што ги оставија многу фанови во неверица. Една таква одлука дојде од “Олд Трафорд“, каде што Манчестер

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите
Go toTop