Повеќе од 1.000 загинати во земјотресите што го потресоа Мјанмар

March 29, 2025
2 mins read

ПЕКИНГ (АА) – По двата земјотреси со јачина од 7,7 и 6,4 степени што вчера го потресоа Мјанмар и околните земји, бројот на загинати во оваа земја и во соседен Тајланд надмина 1.000, известува Анадолу.

Воената управа во Мјанмар објави дека во земјотресите досега загинале 1.002 лица, а 2.376 лица се повредени.

И во Бангкок, главниот град на Тајланд, каде земјотресот бил силно почувствуван, животот го загубија 6, а 22 лица се повредени при уривање на висококатница во изградба.

Бројот на лица кои ги загубија животите во земјотресите со епицентар во регионот Сагаинг, во централниот дел на Мјанмар, надмина 1.000, но се стравува од дополнително зголемување на нивниот број.

Освен во Мјанмар и Тајланд, земјотресите предизвикаа штети и во некои делови на кинеската провинција Јунан, кој е во непосредна близина на Мјанмар. Сѐ уште нема информации за жртви во оваа држава, каде што има повредени.

– Се урнаа манастир, брана и мост

На социјалните мрежи објавени се голем број видеа на кои може да се забележат голем број урнати згради и оштетена инфраструктура, вклучително и историскиот будистички манастир Ма Сое Јане, во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, каде што земјотресот беше најмногу почувствуван.

Хуманитарната организација Христијанска помош (Chirstian Aid) обајви дека нивните претставници кои се на местото на несреќата известиле дека браната во градот се урнала и нивото на водата се зголемува во ниските подрачја.

Во регионот Сагаинг, епицентарот на земјотресот, се урнал мост, а оштетен е и автопатот што ги поврзува градовите Мандалај и Јангон.

Од земјотресот се оштетени објекти во главниот град Нејпидо, меѓу кои има и верски храмови.

Портпаролот на воената администрација, генерал-мајор Зау Мин Тун соопшти дека во болниците во регионите погодени од земјотресот има итна потреба од крв и апелираше за дарување крв.

– Кина, Русија и Индија испратија спасувачки тимови

По меѓународниот повик за помош упатен од воената администрација во Мјанмар по земјотресот, земјите почнаа да испраќаат спасувачки тимови и помош.

Кинеската агенција Синхуа објави дека хуманитарен тим од 37 лица од кинеската провинција Јунан ова утро стигнал во градот Јангон во Мјанмар. Спасувачкиот тим со себе носи детектори за топлина, системи за предупредување за земјотреси и беспилотни летала со цел да помогне во активностите за спасување на настраданите.

Руската агенција ТАСС објави дека руското Министерство за вонредни ситуации испратило два авиони со 120 спасувачи и хуманитарен материјал за настраданите.

Индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри на платформата на социјалните мрежи Х објави дека неговата земја испратила спасувачки тим и медицински тим, како и основни материјали како што се ќебиња, церади, хигиенски комплети, вреќи за спиење, светилки на соларна енергија, пакети со храна и прибор за погодените од земјотресот.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Малезија и малезиската амбасада во Мјанмар објавија дека ќе испратат хуманитарна помош и тим од 50 службеници за помош при катастрофи во Јангон.

– ОН ќе доделат 5 милиони долари фонд за итни случаи

Канцеларијата за координација за итна помош за хуманитарни прашања на Обединетите нации (ОН) објави дека е доделен итен фонд од 5 милиони американски долари за активности за помош при катастрофи во регионот.

Портпаролот на ОН Стефан Дујарик изјави дека очекуваат земјотресот дополнително ќе ја усложни хуманитарната ситуација во Мјанмар, каде во моментов 20 милиони луѓе имаат потребна хуманитарна помош.

– Потешкотии во пристапувањето до погодените подрачја

Додека воената администрација во Мјанмар прогласи вонредна состојба во 6 региони поради катастрофата, не е познато дали може да се достави помош во некои делови од земјата каде сѐ уште трае граѓанската војна.

Црвениот крст соопшти дека медицинските тимови имале потешкотии при пристапот до регионите Мандалај и Сагаинг, каде земјотресот предизвика најмногу разурнувања, и во јужната провинција Шан, поради оштетувањето на далноводите.

Во соопштението се наведува дека според првичните извештаи од терен, земјотресите направиле големи штети.

Два земјотреси со јачина од 7,7 и 6,4 вчера напладне го потресоа подрдачејто на Сагаинг, во централниот дел на Мјанмар. Земјотресите освен во Мјанмар, сино се почувствуваа и во соседните Тајланд и Кина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Кочани пронајдена дрога, приведени четири лица

Следно

Пеп за бонусот на Светското клупско првенство: Јас и тимот не го заслужуваме тоа

Latest from Blog

Кинеската армија спроведе воени вежби во Тајванскиот теснец

Кинеската војска денеска соопшти дека спровела воени вежби и симулирала напади врз пристаништата и енергетската инфраструктура околу Тајван. – Кинеските вооружени сили спроведоа вежби со оружје со долг дострел и прецизни напади

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во надлежност на Општина Студеничани и МЖСПП

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река

Речиси 2.900 загинати во земјотресите во Мјанмар, 72 се водат како исчезнати во Тајланд

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар се приближува до 2.900, додека 72 лица се водат како исчезнати во Тајланд, објави денес „Синхуа њуз“, пренесува Анадолу. Според информативниот тим

Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли
Go toTop