Филипче бара лидерска средба за план за државата и за семејствата од Кочани

March 28, 2025
1 min read

Во Кочани се случи една страшна трагедија која што целата нација ја стави во состојба на шок и сите ние треба да извлечеме поука како треба да делуваме понатаму за да се спречат вакви трагедии, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој се вклучи во солидарната акција – Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани“.

Филипче посочи дека после оваа трагедија не се доволни само зборови, потребно единство и обединување, поддршка за семејствата во Кочани и делување за промена на работите.

Тоа треба да го претвориме во вистински дела, во вистински чекори, заради тоа што тоа е нешто што најмалку може да го направиме ако ништо друго за семејствата што останаа без своите деца, за другите семејства кои имаат деца кои се на лекување и секако за целото општество кое гледаме како бара некакви промени, рече Филипче.

Во хуманитарната емисија, Филипче најави дека следната недела, ќе побара да се свика лидерска средба на која ќе презентира план што треба да се направи во следниот период за државата и за семејствата од Кочани.

Следната недела јас ќе повикам на лидерска средба во Собранието, со лидерите на најголемите политички партии, на кои што сакам да го презентирам мојот план што јас мислам дека ние треба и имаме обврска да направиме за државата. Да се направи тоа што суштински треба, вистински реформи во правосудството, да се направи тоа што суштински треба за да се промени здравствениот систем, да почне изградбата на Клиничкиот центар. Да се направат суштински промени во системот на образование, да се дуплираат примањата на наставниците, да се осигураме дека нашите деца ќе имаат добра едукација. Да се направи дефинитивна промена во системот на јавна администрација, гледаме дека и покрај тоа што начелно има превработеност има сегменти каде што работници фалат, рече Филипче.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додик призна дека во Израел бил прогласен за непожелна личност поради наредбата за апсење во БиХ

Следно

Над 25 детски филмови се достапни онлајн преку платформата „Cinesquare“

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop