Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го потресе Мјанмар силно почувствуван и на Тајланд

March 28, 2025
1 min read

Два земјотреса со интензитет од 7,7 и 6,4 степени се случија во близина на регионот Сагаинг во централниот дел на Мјанмар, известува Анадолу.

Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS), два последователни земјотреса со интензитет од 7,7 и 6,4 степени се регистрирани приближно 16 километри северозападно од местото Сагаинг, северно од главниот град Непидо.

Земјотресите биле на длабочина од приближно 10 километри. Засега нема информации за човечки жртви или за предизвикана материјална штета.

– Земјотресот се почувствувал и на Тајланд

Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го потресе Мјанмар беше почувствуван и во Бангкок, главниот град на Тајланд.

Земјотресот што се случи околу 13:30 часот по локално време силно се почувствувал во високите згради во главниот град, а голем број од нив беа евакуирани.

Системи за тревога беа активирани во градското подрачје на Бангкок, каде што живеат повеќе од 17 милиони луѓе, а граѓаните од апартманите и хотелите беа евакуирани со помош на скали.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес утрово на грчко-македонската граница, почувствуван во Битола и околината

Следно

НБА и ФИБА потврдија дека ја разгледуваат можноста за нова лига во Европа

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop