Зеленски на самитот во Париз им предложи на сојузниците заеднички тим за планирање

March 27, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ги повика сојузниците на самитот во Париз да испратат група претставници во Украина за заеднички да развијат јасен и обединет безбедносен план, јавува Анадолу.

Говорејќи на состанокот на високо ниво за одбраната на Украина, чиј домаќин беше Франција, Зеленски рече дека „коалицијата на волни и способни партнери“ веќе работи заедно политички и воено, нагласувајќи ја потребата да се одговори на „многу конкретни прашања“.

„Благодарен сум на Франција, Велика Британија и на сите вклучени за искрената желба да ни помогнат да изградиме долгорочна безбедност“, рече тој.

Зеленски истакна дека коалицијата сепак мора да ги разјасни конкретните детали за идното распоредување во Украина.

„Кои земји ќе бидат вклучени на терен, на небо и на море во Украина? Каде точно ќе бидат распоредени овие сили? Колкав ќе биде бројот и структурата на овие сили? Какви ќе бидат нивните процедури за одговор во случај на закана? И кога нашата коалиција всушност ќе ги распореди овие сили – на почетокот на прекинот на огнот или само по целосно завршување на војната и договор? праша тој.

Украинскиот претседател предложи да се покани мала група претставници од партнерските земји во Украина за заеднички да се изготви детален план.

„Потребен ни е еден јасен план – план за кој сите се согласуваме и почнуваме да го имплементираме, врз основа на опциите и предлозите кои веќе се дискутирани со вас и ви се достапни“, истакна Зеленски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти ги повика лидерите на Вреди на ифтар – ќе се зајакнува во „Вреди 2.0“ или ќе биде последната вечера?!

Следно

Наоди од контролите на јавните објекти

Latest from Blog

Кина со жестоки критики кон САД пред пристигнувањето на Трамп: Престанете да нѐ оцрнувате

Да ве потсетиме дека минатата недела американскиот Стејт департмент санкционираше десет лица и компании од Кина и Хонг Конг, обвинувајќи ги дека директно ѝ помагаат на иранската армија. Овој потег на Вашингтон

Се готви ребаланс на Буџетот, Димитриеска-Кочоска ги почна состаноците со ресорните министри

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ги започнала состаноците со ресорните министри за подготовка на ребаланс на Буџетот за 2026 година. Прв на средба со
Go toTop