Руски извидувачки авион оштетен во саботажа со дрон во Белорусија

February 27, 2023
1 min read

Горда сум на сите Белоруси кои продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на Белорусија и се борат за слободата на Украина, напиша лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска

Руски воен авион за набљудување „А-50“ бил оштетен во напад со дрон на аеродромот Мачулиши во близина на белоруската престолнина Минск, потврдија членовите на белоруската опозиција во егзил, а лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска рече дека е горда на нив, пренесува „Киев индипендент“.

„Горда сум на сите Белоруси кои продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на Белорусија и се борат за слободата на Украина“,

напиша Тихановска.

Шефот на белоруската антивладина организација „БИПОЛ“ Александар Азаров на Телеграм и на полскиот канал за вести „Белсат“ напиша дека станувало збор за беспилотни летала и оти учесниците во операцијата биле Белоруси.

„Тоа беа беспилотни летала. Учесниците во операцијата се Белоруси. Тие се сега безбедни, надвор од земјата“,

изјави Азаров.

Советникот на белорускиот опозициски лидер Свјетлана Тихановска во објава на Твитер рече дека ова е најуспешниот чин на саботажа од почетокот на 2022 година.

Предните и централните делови на авионот, како и радарската антена се оштетени како резултат на две експлозии во нападот на воздухопловната база во близина на Минск. Рускиот авион „Бериев А-50“ е наменет за воздушно рано предупредување со воздушни командни и контролни способности и можност за следење до 60 цели истовремено.

Од почетокот на руската инвазија на Украина пред една година, имаше неколку чинови на саботажа во Белорусија и во руските региони кои граничат со Украина, особено на железничкиот систем.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко не учествуваше директно во руската војна против Украина, но им дозволи на нејзините сили да ја користат територијата на почетокот на инвазијата пред една година. Русија и Белорусија формираа заедничка воена единица во Белорусија и одржаа бројни вежби. Во Белорусија се распоредени одреден број руски воени авиони и авиони за рано предупредување и контрола.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Свен Горан Ериксон заради здравствени проблеми ја заврши тренерската кариера

Следно

По убиството на двајца Израелци, убиен е Палестинец, запалени куќи на Западниот Брег

Latest from Blog

Артета: Требаше сè да одлучиме многу порано

Фото: ФЦ Арсенал/Твитер Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше пласманот на тимот во полуфиналето на Карабао Купот. „Топџиите“ го победија Кристал Палас на пенали и се пласираа во следната рунда. „Многу

Министерството за финансии: Редовни исплати на плати, субвенции и капитални расходи

Министерството за финансии информира дека трезорот продолжува со редовна исплата на налозите доставени од буџетските корисници до 15 декември 2025 година. Во изминатите неколку денови преку трезорот се реализирани средства за субвенции

Божиновска: Силна и стабилна преносна мрежа услов за зелена и одржлива енергетика

На настанот, Сања Божиновска со почит ја прими благодарницата како признание за партнерството со МЕПСО, нагласувајќи дека најголемото достигнување на еден преносен оператор е кога системот функционира тивко, сигурно и без прекини.
Go toTop