По речиси два месеци од исчезнувањето за Миле Тодоров сѐ уште нема информација

March 27, 2025
1 min read

Сестрата на Миле Тодоров од Кавадарци кој исчезна пред скоро 2 месеци на својот фејсбук профил објави нов пост во кој апелира ако некој има било каква информација за Миле да не се двоуми и да каже што знае.

„Од 30-ти јануари е исчезнат брат ми

Миле Тодоров (28), од тогаш нашето семејство живее во агонија. Апелираме доколку некој има било каква информација, да не се двоуми и да каже што знае.

Последната трага е забележан од камери, но и од очевидци, како пеш од Кавадарци се упатува кон Неготино, последен пат виден кај Марена, каде беше пронајден и неговиот мобилен телефон.

Миле е високо момче со спортска градба, со зелени очи и светло кафеава коса, последен пат забележан облечен во работничка облека сиви панталони , бело палто и црн елек“, вели сестрата на Миле во објавата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од спомени до боја: Горан Боев и патот до искреното сликарство на изложба во КИЦ Скопје

Следно

Започна сезоната на цутење на црешите во Јапонија

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop