Полицијата ги „тресе“ имотите на Дејан Јованов – експертите повикуваат да нема селективна истрага

March 26, 2025
1 min read

Се проширува истрагата за трагедијата која се случи во дискотаката Пулс во Кочани. Полицијата извриши проверки во кафе барот Класик во сопственост на Дејан Јованов, во чија сопственост е и објектот во кој избувна пожарот на 16 март, каде животот го загубија 59 млади лица, а околу 200 лица беа повредени.

Од МВР велат дека е претресен и неговиот автомобил „Инсигниа“ како и биле на распит и членови на семејството на Јованов, кој е осомничен дека нелегално управувал со објектот. Исто така е извршен претрес и одземени се работи од канцелариите на ДПИ Кочани.

„Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се  лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј.“, вели МВР.

Според експертите за безбедност одговорноста треба да почне да се бара од денот кога избувна пожарот. Екс началникот на СВР Скопје, кој сега е во пензија, Љубомир Ѓурќевски, прашан како ги оценува настаните и истрагата за трагедијата, повика да нема селективен прогон, додека исто така побара да се отворат повторно истрагите и за другите трагедии каде имаше голем број на жртви во последните четири години.

Инаку ОЈ Кочани и ЈО за гонење на организиран криминал и корупција сомничат вкупно 34 лица и три компании, за кривично дело за тешки дела против јавната безбедност. Во притвор се 24 лица.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието се „вади од каша“, кабинетот на Гаши тврди дека пратениците работеле

Следно

ЕУ објави Стратегија за подготвеност за вонредни ситуации

Latest from Blog

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Божиновска и вработените од Министерството во еколошка акција покрај Вардар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес заедно со претставници од Министерството учествуваше во големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“, која се реализираше на кејот на Вардар. Во рамки
Go toTop