Собранието се „вади од каша“, кабинетот на Гаши тврди дека пратениците работеле

March 26, 2025
1 min read

Откако владејачкото мнозинство и раководството на Собранието ја „укашка“ работата, денеска од таму до медиумите стигна ново соопштение. Во него се тврди дека пратениците во овие две недели работеле.

„Работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите“, пишува во соопштението од Кабинетот на претседателот на македонското Собрание.

Појаснувањето доаѓа по реакциите во јавноста откако по трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 59, а беа повредени над 200 лица, Собранието ги одложи своите активности за две недели.

„Во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела, сакаме да појасниме дека Собранието на Северна Македонија и пратениците работеа и продолжуваат да работат. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите“, се вели во денешното соопштение од Собранието. 

Сепак, се додава, работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа.

Пратениците, нагласуваат од Македонското Собрание,  се активни и посветени на законодавните процеси. Секоја изјава со која се претпоставува дека паузираат е неосновано обвинување кое претставува тенденција за манипулирање со мислењето и нарушување на угледот на Собранието и народните избраници.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан и Рубио: Стабилноста на БиХ е важна за Балканот

Следно

Полицијата ги „тресе“ имотите на Дејан Јованов – експертите повикуваат да нема селективна истрага

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 32,91 милиони денари, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 32.907.505 денари, од кои

Премиерот Мицкоски во Осоговскиот манастир: „Верата и достоинството нè обединуваат“

Премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот, на 27 август, го посети манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде што присуствуваше на Божествената литургија по повод претпразненството на Успението на Пресвета Богородица. Литургијата

УЕФА ќе го тужи Инфантино – познати се деталите!

фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X) УЕФА подготвува кривична постапка против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поради неговиот обид да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори. Информациите доаѓаат од
Go toTop