Шестмина уапсени во Шпанија за местење фудбалски натпревари

February 26, 2023
1 min read

Шпанската полиција приведе шест лица осомничени дека го наместиле исходот на натпреварот од националниот куп меѓу Хуракан Мелил и Леванте одигран на 2 декември 2021 година, уплаќајќи поголеми суми во обложувалниците на точен резултатот.

Леванте, кој таа сезона настапуваше во Ла Лига, го победи во првото коло од Шпанскиот куп нисколигашот од шпанската енклава на северот на Африка, постигнувајќи по четири голови во двете полувремиња.

Уапсените лица во Мелил, чии идентитет не е соопштен, заработиле 30.00 евра со уплати на поголеми износи во обложувалници и преку интернет.

Полициската истрага отпочнала кога на официјалната адреса на Ла Лига била испратена електронска порака од непознат испраќач.

Полициските инспектори провериле 77 уплати во обложувалниците, од кои една била на износ од 6.000 евра. Исто така, биле регистрирани и голем број уплати преку интернет на точен резултат за победа на Леванте од 8-0 и тоа во интервал од три часа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Маричиќ за случајот со Пендиков: За обвинувањата и навредите кон Македонија, може да се одговара кривично

Следно

Понесете чадор, за утре најавени дожд и грмежи

Latest from Blog

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа
Go toTop