Мицкоски: Има и државни објекти што не ги исполнуваат условите, сопствениците на локалите ќе добијат време колку што им треба за да ги исправат недоследностите

March 25, 2025
1 min read

Сопствениците на локалите ќе добијат онолку време колку што им е потребно за да ги исправат недоследностите и во тој период нема да работат. Но, има и државни објекти меѓу оние што не ги исполнуваат потребните услови за работење, а некои од нив се установи за предшколска возраст, пензионерски домови и училишта кои изминатите три децении не биле реновирани и градени, туку крадени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш повтори дека ќе одговара секој што го прекршил законот, независно дали лицето е дел од некоја политичка структура или не, и тука, напомена, не смее да има дилеми.

Во однос на мораториумот за сопствениците на локалите што го најави вчера, премиерот објасни дека се мисли на периодот што ќе им биде даден за да ги отстранат недоследностите или да можат да направат нешто со што ќе се прилагодат. Суштината е, нагласи, сите што доставиле документи, да ги исполнат и условите. 

Акцијата на МВР продолжува, рече Мицкоски и дополни дека граѓаните треба да бидат спокојни зашто „правдата доаѓа“.

-Кога зборуваме за мораториум, зборуваме за временски период што ќе им биде даден на сопствениците да ги отстранат недостатоците или да можат да направат нешто со што ќе се прилагодат можеби не на дискотека, на кабере или на нешто друго. Размислуваме колкав период ќе им биде даден и тогаш тие нема да работат, туку ќе го искористат за да ги отстранат недостатоците, ова не може да се претвори во „преки суд“ зашто нешто што е повеќе од 30 години погрешно направено за 9 месеци се обидуваме да го канализираме и да го ставиме во ред, ова ќе биде обемна операција, изминативе денови слушнавте колку дозволи се суспендираат и колку лиценци и објекти се затворени, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани. 

Владата, додаде, прави се за да го исправи она што преку три децении било погрешно.

Операцијата е обемна, ќе треба време и затоа ќе им оставиме на сопствениците на локалите време. Тука не станува збор само за приватни обејкти, има и државни објекти и државата ќе треба да има одреден период за „да ги исправи“ тие објекти кои биле градени или крадени изминатите три децении. Не би можел сите да ги набројам, но можам да ги кажам дејностите: предшколска возраст, пензионерски домови, училишта,…, кога се граделе или реновирале, во суштина се краделе и затоа менуваа Кривичен законик со европско знаме, знаеја дека доаѓа Влада што има намера да работи, а тие што ги краделе државата и народот, да ги казнува, истакна премиерот, повторувајќи дека временскиот период што ќе им се даде на сопствениците на локалите ќе трае колку што е потребно.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија вечерва го пречекува Велс, продадени околу 20.000 билети

Следно

Дурмиши: Министерството за економија нема механизми за проверка на лиценциите на клубовите

Latest from Blog

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во
Go toTop