ДУИ го нарече антиамерикански и антиевропски предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини

February 26, 2023
2 mins read

За СДСМ, пак, предлогот на Алтернатива е само обид да се придобие дел од гласачкото тело и барањето го сметаат за несериозно и неприфатливо. Нашата ситуација, нагласуваат, не може никако да се преслика со состојбата во Косово бидејќи кај нас постојат законски можности општините да си соработуваат меѓусебе

Двете најголеми партии во владејачката коалиција, СДСМ и ДУИ, го отфрлаат предлогот на нивниот доскорешен партнер Алтернатива за формирање заедница на албански општини во Северна Македонија по моделот што се бара да се примени во Косово за српските општини.

За интегративците, кои се најголемата партија во албанскиот блок, ваквиот предлог е антиамерикански и антиевропски.

„Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно распоредување“,

гласи коментарот на ДУИ за предлогот на Алтернатива.

Ставот на СДСМ, пак, во одговори на новинарски прашања денеска го изнесе пратеничката Санела Шкријељ, која рече дека тоа е неприфатливо барање и според нив, обид на одредени политички структури да придобијат дел од гласачкото тело.

„Не може на никој начин да се преслика состојбата во нашата држава со состојбата во Косово бидејќи согласно Законот за локална самоуправа, Законот за меѓуопштинска соработка, соработката меѓу општините во нашата држава е апсолутно овозможена. Така што, секоја општина може да соработува во која било форма кога ќе си го најде интересот за одредена тема. Исто така, сакам да потенцирам дека нашата држава изминативе години навистина посветено работи на она што значи еднакви права за сите граѓани. Нашиот Устав препознава дека покрај македонскиот и деловите од албанскиот, бошњачкиот, турскиот народ се уставотворни така што навистина може да се пофалиме во тој дел во однос на почитувањето на правата на другите малцински заедници, помалубројните етнички заедници … ова барање е несериозно, не треба д асе користи за добивање политички поени и е неприфатливо“,

изјави Шкријељ.

Алтернатива, која нема градоначалник ниту во една општина, вчера ги повика останатите албански партии да ја поддржат ваквата иницијатива. Западот кој го бара тоа од Косово, рекоа од партијата, се наши сојузници и испаѓа дека формирањето ваква заедница е во духот на западните вредности.

„Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот ’да се формира Заедницата на српските општини во Косово!‘, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Северна Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на ’заедница на албанските општини во Северна Македонија‘ со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку“,

наведоа од Алтернатива во соопштение до медиумите испратено вчера, а потпишано од генералниот секретар Зеќирија Ибрахими.

Ваквиот предлог досега го поддржа единствено потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е предводник на „огнената група“ во партијата.

„Заедницата во Косово ќе има домино-ефект во регионот бидејќи граѓаните патуваат и споделуваат, нашите семејства се поврзани и половина се во Косово, а половина овде. Па, ако може Србите со четири отсто да имаат асоцијација и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30 отсто во Македонија и претендираат за истите права“,

изјави вчера Меџити.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Менаџерот на Абердин: Секогаш имам само една порака за Миовски

Следно

СПМ против предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини

Latest from Blog

Нов топлотен бран го пржи Балканот

Македонија ја погодува нов топлотен бран со температури кои надминуваат 40 степени. Жештините го зафаќаат цел регион, а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до средината на следната недела.  Според

Пропалестински активисти протестираа пред Високиот суд во Лондон против забраната на групата „Палестинска акција“

СКОПЈЕ (АА) – Пропалестински активисти денес одржаа протест во знак на солидарност пред Кралскиот суд во Лондон, јавува Анадолу. Коосновачката на групата „Палестинска акција“, Худа Амори, започна правна постапка против британската Влада

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air
Go toTop