Во израелските напади врз Газа убиени уште 41 Палестинец

March 23, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 41 Палестинец се убиени во израелските воздушни напади во Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година се искачи на 50.021, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека во билансот вклучува две тела извадени од урнатините во последните 24 часа.

Соопштено е дека уште 61 повредено лице се префрлени во болниците, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 113.274.

„Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Над 700 Палестинци се убиени, а повеќе од 1.000 се повредени во ненадејната воздушна кампања на Израел врз Газа од вторникот, која го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Акциска контрола во Тетово и во Гостивар, затворени три угостителски објекти

Следно

Хамилтон и Леклерк поради грешки на Ферари дисквалификувани во Кина

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop