Солзи и болка и во Солун – 60 минути молк за Кочани на плоштадот „Аристотел“

March 22, 2025
1 min read

Солзи и болка за нивните врсници кои ги загубија животите во трагедијата во Кочани.

Студенти од Македонија кои студираат во Солун, како и грчки граѓани, се собраа нешто по 12 часот на плоштадот „Аристотел“.

Држејќи во рацете црни балони, транспаренти со имињата на загинатите и натписи „Молете се за 59-те жртви во Кочани“ одржаа 60 минути молк, по една минута за секоја жртва во смртоносниот пожар, вклучувајќи го и возачот на Брзата помош кој ги превезувал повредените.

Охриѓанката Деспина Колевски, студентка во Солун, рече дека овој собир е одржан за да се изрази сочувство и солидарност со Кочани и семејствата на загинатите.

Болката е уште поголема кога Грците се присетуваат на трагедијата од пред една година кај Темпи каде загинаа 57 лица.

„Се чувствувам како да се мои деца, болката е многу голема. Живееме овде во Грција, многу сме блиску како што беа и жртвите од Темпи, заедно сме и за жртвите од Кочани. Многу сме и благодарни на Грција што ни помогна за нашите деца и уште ни нуди помош на високо ниво. Многу се опфатени, не можам добро да зборувам. Се надевам Господ ќе им даде сила на родителите, само сила нека им даде бидејќи болката која ние ја чувствуваме тие ја чувствуваат 100 пати повеќе“.

„Се чувствувам тажна и гневна. Не знам. Моите емоции се…“

Се бара пронаоѓање и казнување на одговорните лица за несреќата која зеде толку многу млади животи. Инаку, 12 повредени од пожарот во Кочани се лекуваат во Грција.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентски пленум: Утре во Градскиот парк 60 минутен молк за жртвите од пожарот во Кочани

Следно

Во израелски напади во Газа убиени уште 16 Палестинци, од кои 6 деца

Latest from Blog

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop