Протести низ светот за солидарност со Газа

March 22, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Пропалестински демонстранти маршираа низ улиците и се собраа на плоштадите и пред конзулатите против тековната ситуација во Газа и американската поддршка за Израел, јавува Анадолу.

Студентите од Универзитетот Џорџ Вашингтон се собраа на протестен марш во Вашингтон. Веејќи палестински знамиња и извикувајќи разни слогани тие ја изразија својата поддршка за Газа.

Пропалестински демонстранти се собираа и пред американскиот конзулат во Амстердам, Холандија, против американската поддршка на Израел и против израелските напади врз Газа. За време на демонстрациите, про-израелски поддржувач ги нападна демонстрантите, кој потоа беше уапсен од полицијата.

Протести се одржаа и во мексиканската престолнина, Мексико Сити, со цел изразување поддршка за Палестинците.

Демонстрантите запалија свеќи и положија цвеќе во знак на солидарност со палестинскиот народ.

Над 700 Палестинци се убиени, а повеќе од 900 се повредени во израелските воздушни напади врз Газа од вторникот, со што е прекршен договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што беше на сила од јануари.

Од октомври 2023 година, речиси 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 112.000 се повредени во израелските напади врз Газа.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Продолжуваме со целосна поддршка за повредените граѓани во пожарот во Кочани

Следно

ФОТО: Македонија во црни тренинг-маички на загревањето во Вадуц

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop