„Мировните преговори за Украина се на вистинскиот пат“, рече Трамп по разговорот со Зеленски

March 19, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека преговорите за ставање крај на руската војна против Украина се „на вистинскиот пат“ по разговорот со украинскиот претседател Владимир Зеленски, известува Анадолу.

Трамп изјави дека разговорот бил многу добар и дека траел околу еден час.

„Голем дел од дискусијата се базираше врз вчерашниот разговор со претседателот Путин, со цел да се усогласат барањата и потребите и на Русија и на Украина“, објави американскиот претседател на својата социјална мрежа.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во вторникот изјави дека го поддржува 30-дневниот прекин на огнот во енергетската инфраструктура, што претходно во текот на денот го објавија претседателите на Русија и на Соединетите Американски Држави по телефонскиот разговор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница

Следно

Влада: Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа

Latest from Blog

Мицкоски: Граѓаните заслужуваат одговори – кој стои зад милионските хонорари во СЈО?

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка

Да се одржи партнерството со Унгарија, следен клучен сојузник Полска, порача Димовски

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма. „Кај
Go toTop