Мицкоски: За сите ќе има одговорност кои имаат вина за кочанската трагедија, без оглед дали е од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ

March 19, 2025
1 min read

„За сите оние кои што било како допринеле со милиметар да се случи ова кое што се случило, ќе има одговорност, без разлика дали се тие од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ или од некоја друга политичка партија, без разлика дали се Македонци, Албанци или други, без разлика дали се христијани или муслимани. За секој оној за кој ќе биде утврдена одговорност ќе одговара.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Премиерот Мицкоски вели дека нема запирање и се она кое што претходно се сокривало односно како што рече се ставило под тепих ќе биде откриено и ќе се дознае, се до крај додека не следува целосна одговорност.

„И не само за овој случај, ќе одговараат за многу други случаи, кои во минатото кај граѓаните и во нивната меморија оставија чувство на сомнеж дали е навистина се постапено онака како што требало да е постапено.

Сега е моментот се она кое што порано било ставано под тепих да биде откриено, и се она кое што било ставано под тепих да биде решено.“, изјави тој.

„Ние тргнавме и запирање нема. Ќе одиме до крај. Сакаа да го видат крајот, епа ќе го видат крајот.“, дециден е премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватската министерка за здравство потврди дека во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани

Следно

Мицкоски: Пазарната инспекција утврди дека повеќе од половина од дискотеките кои имале лиценци, не ги исполнуваат условите, ќе има забрани за вршење дејност

Latest from Blog

УНГАРИЈА ПРЕД УСТАВНА КРИЗА – Новиот премиер му се закани на претседателот со итен импичмент!

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од

Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската

Проданоски: Жртвата на хероите од Ножот е темел на нашиот непокор и достоинство

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на

Општина Прилеп: Сè повеќе домаќинства се вклучуваат во селекцијата на отпад, поделени над 500 бесплатни канти

Општина Прилеп продолжува со активностите за воспоставување современ и ефикасен систем за селекција на комуналниот отпад преку проектот „Регионално управување со цврст отпад“, реализиран од Министерството за животна средина и просторно планирање,
Go toTop