Во најновите израелски напади врз Газа убиени 174 деца и 89 жени

March 19, 2025
1 min read

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 174 деца и 89 жени се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, соопштија локалните власти денес, јавува Анадолу.

Израелските воени авиони вчера бомбардираа различни делови на Газа, при што се убиени над 400 Палестинци, а беа нарушени прекинот на огнот и договорот за размена на заробеници што беше на сила речиси два месеца.

„Меѓу жртвите има 89 жени, 174 деца и 32 постари лица“, изјави Исмаил ал-Тавабта, раководител на владината медиумска канцеларија во Газа.

Тој нагласи дека жените, децата и постарите лица го сочинуваат мнозинството од убиените во израелските напади извршени вчера.

„Овие бројки го потврдуваат однапред планираниот геноцид против нашиот народ во Газа“, додаде тој.

Речиси 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 112.000 се повредени во бруталната израелска воена кампања во Газа од октомври 2023 година.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: И премиерот и јас како министер за здравство имаме обврска да ги посетиме пациентите

Следно

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Latest from Blog

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop