Независен советник во Кочани и преживеан од „Пулс“: Да не сака министерот да му аплаудираме? Се знае кој дава оставка во вакви моменти

March 18, 2025
1 min read

„Овој трагичен настан е како последица на повеќе настани кои се случуваат во континуитет во државата. Вчера сите бевте сведоци дека младите, на симоболичен начин го изразија тој гнев. Што очекува министерот за внатрешни работи, покрај толку многу загинати, со раце да им шлакаме?“ изјави независниот советник од Кочани и еден од преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“, Венко Крстевски на собирот во Кочани.

Тој додаде дека на протестите вчера била каменувана дивоградба во центарот на градот, каде што во секој момент може да се случи „Пулс 2“.

„А кој е крив? Општината и министерот за внатрешни работи. Мора да се каже со име и презиме секој кој носи титула и е крив“ рече Крстевски.

Тој додаде дека мора со име и презиме да се кажат сите кои имаат одговорност и дека таа не треба да се префрла на обезбедувањето и човекот кој продавал карти.

„Срамота е ова. Во секоја нормална држава кога се случува ваков инцидент, се знае кој дава оставка од политички и морални причини. Не да се менуваат само началници, кој ги има поставено нив?“ рече Крстевски.

Тој додаде дека за да се промени системот, мора луѓето во системот да понесат одговорност бидејќи, како што кажа, како што се издаваат фалсификати документи за дискотеки, така и со фалисфикат дипломи луѓе извршуваат функции.

„Како луѓето да се ослонат и да сметаат дека ќе дојдат промени?“ запраша Крстевски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БЕДНА, ВЕЌЕ ВИДЕНА ПРОПАГАНДА- Порано шарени РЕВОЛУЦИОНЕРИ, сега ПРОВОКАТОРИ за немири во Кочани

Следно

ЗНМ и ССНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop